ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДУИ: Меџити и Таравари јавно се пофалија за ослободувањето на Блерим Рамадани

August 23, 2024 11:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат партиските препукувања околу бегството на Блерим Рамадани.

– Со пофални објави на нивните Фејсбук профили, џентлменот и претприемачот градител Изет Меџити и д-р % Арбен Таравари побрзаа да ја преземат заслугата за „ослободувањето“ на поранешниот војник на ОВК. МВР и Обвинителството мора да ги викнат на распит и да одговараат за нивната улога во „ослободувањето“ на Рамазан!, реагираат со соопштение од ДУИ

„Дали најконкретно Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши и Ќоку се согласуваат со ВМРО ДПМНЕ дека за бегството е одговорен судијата Пајазит Пајазити? Или пак, како сиот свет, сметаат дека е одговорно МВР? Како Меџити, но и Таравари, Касами, Гаши, Ќоку ја коментираат одлуката на Врховниот суд со која се загрозуваат сите војници на Ослободителната војска на Косово да бидат екстрадирани во Србија? Недостигот на изборен легитимитет кој произлегува од волјата на народот те прави миленик на ВМРО, но те остава немоќен и не те прави ништо повеќе од слуга, слуга, без точка на достоинство“, се наведува во соопштението од ДУИ.

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор, (мерка што ја одобрил судијата Пајазит Пајазити) од домот на роднини во земјава.

-Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето Б.Р. бидејќи во моментов е недостапно за органите на прогонот.  МВР презема мерки за пронаоѓање на лицето, потврдија од МВР.

Рамадани, врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. На 1 август, мерката на Рамадани од надлежен македонски суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје. Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август.

Содржината на налогот за апсење на Рамадани се заснова на сомневањата на Србија дека како поранешен војник на ОВК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

Tags: ВЛЕНДУИРамадани
Next Post
фото: МИА

Од недела попладне нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

НАЈНОВО

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

November 5, 2025

Затворен Автопатот Велес – Градско, сообраќајот пренасочен

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk