ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

МП: Стапуваат во сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи

August 23, 2024 09:41
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за правда информира дека стапуваат во сила Меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба, која претставува значаен меѓународен инструмент кој на органите на државите-страни им овозможува соработка за директна административна размена на податоци и информации за проверка на изјавите за имотна состојба и интереси, како и на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи, која го признава секому правото на пристап до официјалните документи што ги поседуваат јавните власти без дискриминација.

Спогодбата и Конвенција се ратификувани во Собранието на 13 август 2024 година.

Со примената на меѓународната спогодба, како што информираат од Министерството за правда, ќе се направи значаен исчекор во олеснување на примената на постојните законски решенија за проверка на имотната состојба и интересите во согласност со Законот за спречување корупцијата и судирот на интереси.

– За вршење на своите надлежности, вклучително и за проверка на изјавите за имотната состојба и интересите, Државната комисија за спречување на корупцијата пристапува до бази на податоци кои се водат во други органи и институции. Исто така, со Законот утврдена е надлежност на ДКСК да соработува со национални тела на други држави, како и со меѓународни организации на полето на спречување на корупцијата,  да разменува информации со надлежни тела на други држави и меѓународни организации, врз основа на обврски преземени со ратификувани меѓународни договори, нагласуваат од МП.

Примената на спогодбата, посочуваат од Правда, ќе придонесе за унапредување  на механизмите за превенција и борба против корупцијата  во согласност со  меѓународните стандарди за заштита на податоци кои ги утврдуваат ограничувањата на прекуграничната размена на податоците, како и со судската пракса на Европскиот суд за човекови права која покажува оправданост на објавувањето на податоците за имотна состојба и интересите, имајќи го предвид легитимниот интерес на општата јавност за информираност во однос на финансиската состојба на функционерите.

Предлогот за поведување на постапка за пристапување кон ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи кореспондира со стратешката определба на Владата на Република Северна Македонија за почитување на човековите права и спроведување на меѓународно преземените обврски.

Од МП, исто така, нагласуваат дека конвенцијата на Совет на Европа за пристап до официјални документи позната како “Тромсо” е усвоена од Комитетот на министри на 27 Ноември 2008година. Таа е првиот обврзувачки меѓународен правен инструмент кој го признава секому правото на пристап до официјалните документи што ги поседуваат јавните власти без дискриминација и без оглед на статусот или мотивите на барателот да бара пристап. Смета дека сите официјални документи во принцип се јавни  обезбедувајќи минимална правна рамка за брза и правична обработка на барањата за пристап до официјални документи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk