ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Напуштање на контејнерот на нацијата

August 23, 2024 13:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Вака, драги мои патриоти и патриотки: Епохалниот тренд кон индивидуалистички форми ја открива сета своја револуционерна и имунолошка смисла.

Знам дека не ви е верно, но во напредните општества, денеска, можеби прв пат во историјата на хоминидните и хуманите животни форми, индивидуите се тие кои како носители на имуносвојствата се одделуваат од своите општествени тела (кои до тогаш ја имаа заштитната функција) и кои сакаат својата среќа и несреќа да ги откачат од постоењето во форма на политичката комуна, односно контејнер заедницата каква што е нацијата.

Македонија, како и во се, драматично заостанува: тука луѓето обожаваат да бидат кокошки и по некое петле во кокошарникот на вмро, малку им смрди, ама топло им е, а надвор е комитата кој им го чува идентитетот од лисиците.

И одвреме навреме ги коле за да има што да јаде.

Во транзицијата Македонците самите на себе си станаа оние кои и припаѓаат на надворешноста. Така ја опљачкаа и уништија државата, институциите, образованието, правото, моралот итн. како нешто свое, но сепак надворешно.

Сега се обидуваат да се вратат кон себе, но не можат да бидат сигурни дека некого ќе затекнат дома кога ќе влезат кај себе.

Поточно, сигурно е дека нема да најдат никого. Тоа е драмата на Македонецот: потрагата не по нешто што е загубено, туку по нешто што повеќе го нема.

Тие самите го изеле сето сирење од кацата!

Македонија после транзицијата- тоа се главно луѓе кои останале во сопствената кожа и се жртви на локационата маана викана Ние.

Испумпани од секаква супстанца.

Пченка претворена во пуканки.

Тоа се Македонците денеска.

Во сета драма која полека преминува во мелодрама, има само една поволност и јас би рекол- голема шанса: Сега е момент за радикален редизајн не на Македонија, туку на саморазбирањето на Македонците.

И на нивното разбирање на Македонија и на светот.

Излегување од контејнерот на нацијата и реконструкција на заедница на слободни индивидуи од слободните индивидуи.

Поединецот да ја форматира заедницата, а не таа него особено не со помош на славните јунаци кои стануваат од гробовите. Нè замочуваат нас и ја замочуваат земјата па пак се враќаат во гробовите.

Ние тука и сега сме се што имаме.

Говњарите кои го влечат мрсулот на таканаречената историја треба да ги ослободиме од маките да не бранат затоа што во таа форма ние сме мртви.

Ова е безмалку невозможен подвиг, но мораме да се фатиме за тоа малкуто и да тргнеме напред.

На пазарите никој не е кај себе.

Никој нека не се обидува да биде дома таму кај што парите, стоката и фикциите, го менуваат сопственикот.


Текстот е личен став на Авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски: Од последни, до први во Европа по странски инвестиции

June 8, 2025

Алкараз спаси три врзани меч топки за победа во финалето на Ролан Гарос

June 8, 2025
Горан Божичевиќ

Не е време за навивање – време е за будност

June 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Горан Божичевиќ

    Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Златната пена на секојдневието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk