ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Шестмина загинати во најмасовниот руски воздушен напад на Украина досега

August 26, 2024 21:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку шест лица загинаа, а десетици се ранети во денешниот руски воздушен напад, кога беа истрелани проектили и беспилотни летала во повеќе од половина од регионите на Украина.

Како што пренесува Би-Би-Си, исто така погодена е енергетска инфраструктура, предизвикувајќи широко распространето затемнување, откако целата земја беше ставена под тревога за воздушен напад и на населението му беше наложено да се засолни.

Русија потврди дека започнала напади врз енергетската инфраструктура на Украина – една од нејзините долгорочни тактики – и рече дека сите нејзини цели биле погодени. Нападот од ракетни и беспилотни летала започна во текот на ноќта и продолжи до утрото.

Според Микола Олешчук, командант на украинските воздухопловни сили, Русија лансирала 127 проектили и 109 нападни беспилотни летала. Од нив Украина собори 102 проектили и 99 беспилотни летала, соопшти тој на апликацијата Телеграм. Олешчук го оквалификува комбинираниот напад како „најмасовниот воздушен напад“ досега.

Претходно, нападот во декември минатата година, кога 158 проектили и беспилотни летала беа истрелани врз Украина, се сметаше за најголем напад досега.

Иако главната цел на денешниот напад беше енергетската инфраструктура, според анализата на Би-Би-Си тоа беше и „обид на Москва да удри врз украинските резерви на уште еден клучен ресурс: моралот. Украинците се наелектризирани со неодамнешниот успешен упад на нивните војници длабоко на руската територија во областа Курск“.

Британскиот медиуми наведува дека со денешните напади Русија сакала „да ги врати на земја обичните луѓе во Украина“, потсетувајќи ги нив, а и политичарите во западните престолнини, дека Кремљ сè уште има предност во оваа војна. „Пораката од Москва беше: немајте заблуди, Русија сè уште може да нанесе мизерија на украинското население кога и да посака“, анализира Би-Би-Си.

Украинскиот премиер Денис Шмигал претходно денеска изјави дека во нападот биле вклучени беспилотни летала, крстосувачки ракети и суперсонични ракети.

Една од преостанатите електрани – хидроцентрала северно од Кијив – беше една од најновите цели. Штетата се уште се проценува.

Русија е насочена кон енергетската инфраструктура на Украина уште од почетокот на нејзината целосна инвазија, која започна во февруари 2022 година.

Tags: Војна во УкраинаРуска агресија
Next Post

Сончево и топло време, температура до 36 степени

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

September 2, 2026
Фото: СДСМ

Тренчевска: ВМРО ги излажа пензионерите и во криза не донесе ниту една мерка за да им помогне

September 1, 2026

Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

September 1, 2026

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk