Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување на ТВ Пинк во Србија, зборуваше за приведувањето на Северина Вучковиќ на српската граница.
„Сега ќе ве изненадам со тоа што треба да ви го кажам. Му се јавив на Дачиќ утрово, го разбудив, да видам што се случува со Северин. Ми кажа така и така, и ми рече дека не е приведена, два часа ја држеле на граница. И мислам дека е многу глупаво и непотребно. Не поради Северина, за која мислам се најлошо. Ние мора да се разликуваме од нив во сè. Боже сачувај да водам држава во која ќе го апсат секој што ги слуша песните на Томпсон. Оставете ги сите и Селма Бајрами. Тоа што ја мразат Србија, зборуваат за нив“, рече Вучиќ, пренесува српски „N1“.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ во неделата вечерта била приведена и неколку часа испрашувана од полицијата на српската граница По разговорот со полицијата, на Северина и е дозволен влез во Србија, но таа решила да се врати во Хрватска.
Српската полиција ja испрашувала Северина за нејзините ставови за Сребреница, за акцијата Бура, зошто ги поддржува протестите против ископувањето литиум во Србија. Спомнати биле и Јасеновац и Туѓман.
Северина потоа најави дека нема да оди во Србија додека е на власт „диктаторот Александар Вучиќ“.
– Северина не е ниту приведена, ниту уапсена, била контролирана, а од друга страна и е дозволен влез во државата“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
„Како и законски да го дефинираме тој притвор, сепак беше лишување од слобода на неколку часа, бидејќи таа не можеше да се врати неколку часа, ниту да го продолжи патот“, рече Јасминка Билош, адвокатка на Северина.
Списоци постојат – потврди првиот човек на МУП на Србија. И вети дека ќе ги укине. Освен за оние кои вршат криминални дејствија, каде што постои ризик за безбедноста, тероризам или криминал.
„Ова е слободна земја, вербален деликт не постои, затоа нема да има повеќе ограничувања“, изјави Ивица Дачиќ.
Неколку пати имаше ограничувања, најмногу за оние кои ја критикуваа владата во Србија или изразија поддршка за протестите. Писателот Феѓа Штукан, Недим Мусиќ, активист на движењето „Картон револуција“, граѓанска активистка и поранешна министерка во владата на Црна Гора Јована Маровиќ беа на списокот за забрана за влез во Србија. На листата на непожелни се најде и пејачката Селма Бајрами.
Поврзано: