– Очекував денеска да ги објават сметките од бизнис класата на Мицкоски и картите од 20.000 евра, како и сметката од која е платена картата на неговиот син ама очигледно ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своите лаги за мене. Решени се по секоја цена со невистини да ме оцрнуваат, реагира во објава на Фејсбук поранешната министерка за култура и сегашна пратеничка на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска.
„Сметките кои ги објавуваат не се потпишани од мене и НЕ СЕ ПРИВАТНИ ТРОШОЦИ, туку се службени, за потребите на патувањето и посетата. Ова јасно стои и во извештајот од патувањето. Сите трошоци направени од службената картичка се како дел од репрезентацијата. Сите останати трошоци кои се приватни не се потпишани и не се на изводите од службената картичка. До кога ќе ги претворате државните институции во партиски штабови? Оставете надлежните институции да си ја завршат работата наместо да ја замајувате јавноста и да креирате непостоечки скандали“, наведува во објавата Костадиновска Стојчевска.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денеска на прес-конференција посочи дека е формирана работна група за случајот службена картичка и дека она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.
– Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, рече Љутков.
Ј. Ѓ.
Поврзано: