ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ден на сеќавање на бранителите на Украина: Сончогледот, симбол на историската храброст на украинските воини

August 29, 2024 19:10
in ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Со векови Русија правеше сè за да се осигура речиси секоја генерација на Украинци да знае што е тоа загуба. Од 2014 година тоа го прави на бојното поле, води апсолутно неиспровоцирана и неправедна војна против Украина. Неправедна – затоа што модерната генерација на Украинци плаќа превисока цена.

Историјата на Денот на сеќавање на починатите бранители на Украина е една од најболните страници во историјата на нашата земја. Пред 10 години, војниците на рф застрелаа колони украински војници кои се движеа низ полињата со сончоглед за време на нивното повлекување од опколувањето во близина на Иловајск.

На 29 август, Украина го одбележува Денот на сеќавање на бранителите на Украина, кои загинаа во борбата за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина.

На тој ден, агресорот отвори оган врз нашите бранители во сончогледовите полиња за време на „зелениот“ коридор. Таму загинаа 366 украински војници, 429 беа ранети, 158 исчезнаа, 300 беа заробени. Затоа, симболот на Денот на сеќавањето на бранителите на Украина стана цветот на сончогледот. Тој не е само потсетување на историската храброст на нашите војници, туку го симболизира и животот.

Сончогледот е исто така симбол на животот на Украина. Црното семе на сончогледот задолжително ќе никне, исто како што секогаш ќе се преродува украинската нација, колку и да се обидуваат да ја уништат.

Денес, не само сончогледите нè потсетуваат на ужасни настани, туку и стотици мали знамиња на Плоштадот на Независноста во Кијив, од кои секое симболизира војник кој загинал од рацете на Русија.

За жал, хероите умираат. Меѓутоа, нивното сеќавање треба да живее вечно. Затоа денес, како и секој ден во 9 часот наутро, им оддаваме почит на оние кои починаа за независната и слободна иднина на нашата земја.

Украина веќе 10 години минува низ најголемиот тест во модерната историја – води вооружена борба за независност и територијален интегритет против рускиот агресор. Воената агресија на русија против Украина започна во февруари 2014 година со окупацијата на полуостровот Крим. Во март 2014 година, руските специјални служби и диверзанти почнаа да ја дестабилизираат ситуацијата во јужните и источните области на Украина, организирајќи фингирани антиукраински собири и обиди за создавање на нелегални квази-државни ентитети. Како одговор, патриотските украински сили се спротивставија со масовни акции со цел да го зачуваат територијалниот интегритет на државата.

Денот на сеќавање на бранителите на Украина е посебно почитување на споменот на оние кои за Татковината го дадоа највредното нешто – нивните животи. Нашиот непријател, рускиот агресор, е секогаш подмолен, предавнички и смртоносно опасен. Наспроти тоа, храброста, бестрашноста и самопожртвуваноста на Украинците секогаш водат кон одвраќање на злосторничките намери и пораз на непријателот.

Слава на Украина!

На Хероите Слава!

Амбасада на Украина во Република Северна Македонија


Ден 918.
29 август – Ден на сеќавање на бранителите на Украина.
Се сеќаваме на бранителките и бранителите, оние кои ги дадоа своите животи за Независноста на Украина.
Ни треба оружје за да го заштитиме животот од државата агресор рф. pic.twitter.com/AV8pyEitPW

— Larysa Dir (@dir_larysa) August 29, 2024

Next Post

Променливо облачно, попладне нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи

НАЈНОВО

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk