Секоја година Општина Тетово отвора оглас за дозвола за фирми кои ги исполнуваат условите за превоз на ученици. Огласот за работна дозвола се отвора со одобрение на Советот на општината.
„На 26 август беше донесена одлука од Советот на општината да се отвори оглас за работни дозволи. Овој оглас е сè уште отворен, значи дека фирмата која почна да врши превоз на ученици сè уште ја нема добиено дозволата за работа, но е во фаза на аплицирање. Во меѓувреме оваа компанија започна со превоз на средношколци и основци. Тоа значи дека ја започнал дејноста на НЕЛЕГАЛЕН начин“, обвинуваат советниците на ДУИ во општина Тетово.
– Претходната транспортна компанија (фирмата која ги превезувала учениците во претходните години) имала работна дозвола. Зошто беше потребно градоначалникот на Општината да инсистира тендерот од 1.000.000 евра за превоз на ученици да се додели на фирма која нема работна дозвола, а има претходна фирма која има работна дозвола?! Имајќи го предвид фактот дека на социјалните мрежи беше видена и фотографијата на сопственикот на оваа компанија во друштво на градоначалникот на Сицилија, Италија, ова отвора сомнеж дека градоначалникот на општината го доделил тендерот за превоз на ученици на други основи (социјални, коруптивни и сл., итн.) а не по правна основа, изјави за „Фронтлајн“, Лиридон Диша – советник на ДУИ во општина Тетово.
Тој нагласува дека за ДУИ воопшто не е важно која фирма ќе го добие тендерот се додека фирмата што ќе победи ги исполнува сите услови и законски предиспозиции.
„Фронтлајн“ дознава дека „Башким турс“ го започна превозот на ученици, додека сè уште е отворен огласот за добивање дозвола за превоз на ученици.
За да се проверат тврдењата на советниците на ДУИ во врска со близината на градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами со сопственикот на фирмата која ќе ги превезува учениците, која според совениците на ДУИ не е избрана во огласот на општината – за кој велат дека уште е отворен , „Фронтлајн“ – го истражуваше тврдењето и освен некое заедничко учество во некои настани на Касами и сопственикот на оваа компанија не наиде на друга врска меѓу нив.
Тие беа видени заедно на 19 август на фестивал во Сицилија, Италија.
Од друга страна, градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, ја обвини ДУИ за манипулации со тендери во минатото, што според него во моментов не се случува.
– ДУИ во минатото си играше со тендери и тоа е нејзиниот белег. Во ниту еден момент не сме правеле такви пресметки, во минатото имало вакви игри. Станува збор за организација на јавен превоз која во две и пол години од мојо мандат немало и нема да има застој во јавниот превоз. Додека на последната седница на советот беше изменета, беше одобрена промената на рокот за аплицирање за лиценца на фирмите кои се занимаваат со превоз на ученици, а сакаме само поголема либерализација на компаниите кои се занимаваат со превоз на ученици, изјави Касами.
Од општина Тетово највауваат, како што велат, „нула“ толеранција во исполнувањето на критериумите за фирмите кои ќе вршат превоз на ученици за да се обезбеди што побезбеден превоз на учениците.
Дестан Јонузи