ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали се (не)безбедни учениците во и надвор од училиштата? МВР ја гарантира сигурноста и безбедноста

September 5, 2024 19:04
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter
Започна учебната година, и додека младите купуваа(т) училишен прибор, сведоци сме дека се опремуваа(т) и со ладно оружје (ножеви, боксирачи, пендраци…) кое им е лесно достапно буквално на тезга на Бит-пазар, on-line и од специјализирани продавници како што е Camuflage.

Пред два дена мајка од Скопје пријавила дека на првиот училишен ден, околу 11 часот во училишен двор на подрачјето на Ѓорче Петров, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, информираат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи за ЦивилМедиа велат дека во рамки на своите со закони пропишани надлежности, особено пред почетокот на секоја учебна година се носат посебни оперативни планови со мерки и активности што стриктно се однесуваат за сигурноста и безбедноста на училиштата и просторите во и околу истите.

На прашањето дали МВР има соработка со училиштата за превенција и едукација за (не)поседување на ладно оружје?, од МВР потенцираат дека полицијата, придржувајќи се на концептот „community policing“ (односно, полицијата како сервис на граѓаните) е со години наназад во тесна сорработка не само со надлежните во училиштата туку и со надлежните во локалните заедници, и постојано заеднички се прават конкретни проекти, програми, кампањи вклучително и во делот на превенција и рана детекција од разни видови социо-девијатни однесувања кај учениците, како што е континуираниот проект „Безбедност во училиштата“ што константно во соработка со училиштата го спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје.

На прашањето дали МВР презема мерки за превенција и контрола што носат младите во нивните ранци и џебови во училиште и надвор од училиштето (двор, улица, автобуси, автобуски станици), од МВР велат дека улогата и функцијата на МВР е јасно регулирана со Устав и закони, и дека за контрола на училишните ранци или контрола практично т.е. личен претрес на учениците (џебови) постојат строго пропишани законски норми и процедури (за малолетни лица) по кои што полицијата единствено може и смее да постапува.

Со почетокот на учебната година, почнуваат и грижите за безбедноста на учениците. Секоја учебна година носи и ризици за безбедноста на учениците. Неретки се инциденти во кои жртви се учениците или тие се учесници во групно насилство. Инцидентите се случуваат во училиштата и училишните дворови, но уште почесто надвор од нив, на улиците, во автобусите или на места за дружење и забава, како локали и спортски објекти.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и колку учениците се безбедни во и надвор од училиштата?

Неретко сме сведоци на инциденти меѓу учениците, како и случаи кога тие се мета на повозрасни лица. ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе споделат мисли, сознанија и искуства на оваа тема.

Анонимност

Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.

Од Министерството за образование до објавување на текстот не добивме одговор.

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

(ВИДЕО) Анкета „Внимание!“: Исус воскреснал, Александар создал империја, а што направивме ние за 33 години независна Македонија?

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

October 27, 2025
Фото: МИА

ГОБ „8 Септември“ доби нова хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти

October 27, 2025
Скриншот

Трамп ја отфрли можноста да се кандидира за потпретседател во 2028 година

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk