ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска

September 6, 2024 14:44
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Фото: УКИМ

Фото: УКИМ

Share on FacebookShare on Twitter

По речиси две години работа, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска, соопшти УКИМ.

– Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го поддржаа проектот со финансиски средства во висина од околу 280.000 денари. Препознавајќи го значењето на ваквиот тип на проекти, за понатамошно профилирање на врвни кадри како и за унапредување на економијата во земјава, и дел од македонските компании овозможија техничка поддршка и парични средства за реализирање на проектот, со што на студентите им беше овозможено нивната замисла да биде преточена во реалност и својата креација да ја претстават на таков престижен натпревар, се наведува во соопштението.

Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети.

Проф. д-р Ташко Ризов од Машински факултет – Скопје, појаснува дека натпреварот има за цел да ги едуцира студентите, да го поттикне нивниот претприемнички и иновативен дух,  да придонесе во развојот на нови технологии, да овозможи вмрежување на локално и интернационално ниво, да го поттикне студентскиот активизам и да поттикне повеќе млади луѓе да започнат кариера во инженерството.

На овој европски натпревар, учество земаат преку 100 универзитетски тимови секоја година.

– „Проектот „Формула студент”, започна со една идеја од двајца студенти од четвртата година на Машинскиот факултет – Скопје. Овие двајца млади луѓе, поттикнати од желбата за поголема практична работа и жед за нови знаења, несебично ја споделиле визијата со своите колеги. На почеток, идејата беше примена со ниво на скептицизам, прашувајќи се дали е возможно да се започне еден ваков студентски проект од нула, без никакви претходни ресурси и искуство. Денес, речиси после две години, сведочиме дека идејата се претвори во реалност, истакна професорот Ризов.

Вели дека е огромна чест македонски тим да биде дел од реномираниот европски натпревар.

– Голема е честа нашиот Универзитет со свој тим да биде дел од овој реномиран европски натпревар. Таа чест оваа година ни ја овозможи тимот „МЕС Рејсинг“. Тимот, под менторство на професори од Машинскиот факултет – Скопје интензивно работеше на создавањето на болидот и притоа покажа силна истрајност, тимска работа и посветеност. Болидот стана симбол на нивната заедничка визија, нивните соништа и нивната посветеност за учење на нови нешта. Тимот „МЕС Рејсинг“, успешно го претстави Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” на натпреварот „Алп Адриа“, како дел од глобалниот ,,Формула студент” натпревар во Велика Горица, Хрватска, наведува професорот Ризов.

Студентот Димитар Алжуроски, тим лидер на „МЕС Рејсинг“, потенцира дека натпреварот е одлична можност за секој студент да го надгради своето знаење.

– Запознавме студенти, судии и инженери кои се на високи позиции или пак соработуваат со големи компании и можноста да се разговара со нив,  да се научи нешто ново и да се земе пример од нив е навистина најзначајното нешто, вели Алжуроски.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова упати порака до сите студенти постојано да го унапредуваат своето знаење и да ги презентираат своите креативни идеи на своите факултети за да добијат поддршка за нивно реализирање.

– Во нашата држава има многу брилијантни умови, а овој проект е само еден од многубројните докази за тоа. Навистина сме многу горди што нашите студенти се „во чекор“ со врвните светски откритија и што константно се надградуваат и отвораат нови хоризонти. Им благодариме на тимот „МЕС Рејсинг“, што достојно не претстави на престижниот натпревар во Хрватска. Се надеваме дека ни претстои период на многубројни успеси, бидејќи нашата главна цел е да создаваме исклучителни кадри, целосно подготвени за пазарот на трудот, во секоја област, наведува ректорката Ангелова.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БолидУКИМ

НАЈНОВО

Фото: СДА МАкедонија

СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

May 17, 2025
Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои се трите главни услови што Русите ги побарале за прекин на агресијата врз Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk