„Во ситуација кога гледаме и затекнуваме разурнати, задолжени, ограбени институции и државна каса со која недомаќински е располагано, Владата сега со јасен план и концепт за развој пристапува и нуди решенија во еден од најобемните инфраструктурни потфати во историјата на земјата. Овие проекти се достапни за сите граѓани и ги повикуваме сите општини да аплицираат на јавниот повик. Заинтересираните корисници ќе ги поднесуваат апликативните формулари до Министерството за локална самоуправа – Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7 дена од денот на објавување на овој повик. Комисијата врши прибирање на апликативните формулари кои што заинтересираните корисници ги доставуваат до Министерство за локална самоуправа. Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа“, се наведува во владиното соопштение.