ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Независноста е казан во кој жив го сваривме јастогот на државата

September 7, 2024 13:13
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Нас нè заеба распадот на Југославија.

Во која бевме улулкани како бебе во колепка.

Со наше море и црвени пасоши.

Со победи на Стериините позорја и по некоја награда во Пула.

Со Леб и сол.

Со Драмски и Горан Стафановски.

Со „Битола мој роден град“ што ја пееја сите од Триглав до Гевгелија.

И „Елено ќерко“.

Со отворени и бесплатни врвни универзитети.

Од Љубљана до Загреб, Белград и Сараево.

Со „Шаренградска“ и „Цвијетно насеље“.

Убави домови за сите што бевме излезени од провинцијата.

Со камионски тури до Бања Лука кај што продававме овчеполски лубеници и спиевме под тезгите на пазарот.

Со Дарко Панчев.

Со стоп патувања од Риека до Сплит и Дубровник.

Наши градови.

Потоа Историјата нè исфрли на улица.

Од која ние со натчовечки напори направивме контејнер.

Но, пред тоа во независноста влеговме како во слаткарница.

Сите шампити, урмашици, баклави и еклери ги смотавме.

Мислевме дека независноста е поле на неограничените можности.

За сите наши итроштини и запретани себичности, злоби и сеири.

И ѝ писнавме на независноста и на државата, а нацијата ја користевме како кинески стапчиња.

Независноста е трагедија за која распадот на Југославија беше олеснителна околност.

Но, сета друга несреќа е резултат на македонските таленти.

И тука нема никакви олеснителни околности.

Уште еден крупен доказ дека никогаш не сме правеле историја туку сме биле објекти.

Најчесто жртви на историјата.

Што е праведно.

Со исклучок на НОБ и Антифашистичката револуција, но и таму како дел од еден поширок проект. Што денеска се смета за слабост, а не за аргумент во прилог на евроинтеграциите како нова дружина со која ќе обезбедиме ново историски време.

Општите случувања секогаш се последица на нашите неразумности, а не на нашата смислена и храбра визија.

На пат сме да покажеме дека македонскиот национален и државен проект не успеа затоа што мнозинството ја разбра независноста, слободата и демократијата, не како нов амбиент и нова историска шанса за градење на општото добро, туку како прилика за ослободување од стегите на државата, на моралот, на институциите и законите, на историјата, во името на илузијата дека државата и нацијата можат да се градат и така што ќе се јадат.

Подготвени во партиски фурни и казани. Единствениот човек кој се обиде да излезе од македонската заглавеност во себе и да ја однесе државата и нацијата во европската Југославија, го прогласивме за предавник и го оставивме да си се занимава со ајварот.

Тој, се разбира, не е без грешки, но поентата е во тоа што не падна поради грешките, туку поради успехот во кој Македонија виде опасност за својата фолклорна комоција.

Заев и Ковачевски и Бујар Османи и Маричиќ ја продале Македонија!?

На Европа, на Бугарија и на Албанците.

Што сакаш ти од народ кој со уживање потонува во вакви хистерии?

Сите станаа началници и директори, координатори и претседатели, премиери и министри, освен по некоја будала, како мене, на пример, која и по триесет години не се сетила да извади партиска книшка.

Цреша на таа расипана торта е вмро како историска подметачина, скапан темел на македонската национална легитимација и постоење и актуелна злосторничка инсталација што ја разградува државата со упорност на дворски крт.

Генетска грешка.

Вмро е хромозомот кој недостасува.

Како мит што простата маса си го истетовира на срцето и сега не може да види во какви говна шлапа.

Наместо тоа, вика: леле, ни ја уништија дежавата!

Никогаш немал моќ за нешто повеќе.

Му фалат гени, неврони, синапси и карактер, за да се оформи како вистински политички човек.

Не е во состојба да отиде ниту по цигари без старател.

Како државотворен субјект во услови на независност и демократија.

Граѓанската класа, средната класа која во финишот на социјализмот се беше конституирала како социјален и културен феномен, идеолошки необременет, особено не комунистички, беше елиминирана по кратка постапка  во рамките на, внимавајте сега, одмаздата за државата која мора да се урне затоа што е комунистичка творба и е натопена во густ и сладок комунистички сок.

Маџун.

На местото на таа класа дојде работите да ги диктира дното и неговата политичка артикулација-вмро-дпмне!

Делумно поради митската односно нерационална и неразумна свест, делумно поради природната простоќа, делумно поради злосторничките намери обоени со македонистички антимакедонизам, делумно поради актуелните предизвици на новите феномени, какви што станаа државно спонзорираната пљачка и партиските факултети за новиот најбезобразен можен конформизам, се отиде у курац.

Државата ја сваривме жива, како јастог.

И ја изедовме.

На местото на јастогот сега има само остатоци од Македонци.

Нема што да се слави, драги пријатели.

Но, тука на Балканот поразите се најголеми победи и често знаат да бидат покренувачка сила.

Можеби, како во филмовите, цртаните и играните, тие остатоци ќе се омесат и Светиот дух (хахаха) ќе им вдахне душа и сила да се вратат во нормалниот свет.
Но за тоа прво мораат да ги убијат вампирите во себе и околу себе.

Како кај Тарантино.

Во филмот „Од самрак до зори“.

Тука се викаат вмрони.

Запомнете еднаш: вмро се вампири кои не се плашат од крст, туку само од колци!

Среќен празник.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Next Post

Гужви на граничните премини, за излез од државата се чека повеќе од еден час

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk