ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со бројни културни настани одбележан 8 Септември во Шибеник и Зларин

September 8, 2024 12:19
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Промоции на книги, трибина, ликовна изложба, музички настапи беа дел од содржините што се реализираа од 4 до 7 септември 2024 година во Шибеник и Зларин во рамки на Деновите на македонската култура и Меѓународната средба на писатели, публицисти и новинари, со што беше одбележан Денот на независноста на Македонија – 8 септември

Со синоќешната изложба „Звучни слики“ во Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ затворени се овогодинешните Денови на македонска култура во Шибеник (4 – 7 септември 2024 г.). Авторот Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет во Скопје го претстави Зденка Билушиќ, раководителка на Одделението за визуелна уметност во градската библиотека, која говореше за неговиот ликовен, книжевен и музички опус.

Мартиновски читаше и своја поезија, а присутните ги изненади и со настап на стар македонски инструмент кавал.

Предходно, исто така, во градската библиотека беше промовиран романот „Заборав“ на реномираниот македонски книжевник, драмски писател и новинар, Томислав Османли. Ова е прва промоција на неговиот роман, а книгата ја претстави проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска од Филолошкиот факултет во Скопје.

Темата на романот кој говори за феноменот на заборавот и како индивидуален, медицински феномен, но и како социјална дијагноза на современата цивилизација, промоторката ја започна, а во текот на промотивниот исказ и ја надградуваше, со бројни уметнички и книжевно-теориски компаративи: од Платон, Шилер, Џорџ Орвел, Реј Бредбери, Умберто Еко, Георги Господинов, но и на теоретичарите Томас Карлајл, Манфред Остен и Клаус Улрих, за потем да завлезе во анализата на романот „Заборав“.

Инаку, промоциите на новиот македонскиот роман на Османли и на ликовно поетското претставување на Мартиновски, се одржаа во присуство на бројни членови на Хрватско-македонска тангента, организатор на настаните, меѓу кои беа и третиот хрватски претседател, проф. д-р Иво Јосиповиќ и македонскиот амбасадор проф. д-р Милаим Фетаи. Фрагменти од романот во превод на хрватски јазик читаше поетот, новинар и водител Никола Урукало, кој беше и модератор на настаните.

Предходните три дена поминаа во светло на одбележување на два јубиулеја: 10 години од првата Меѓународна книжевна средба на Зларин „Од остров на копно, кон остров на море“ и пет години од Деновите на македонската култура во Шибеник.

Како и претходните години и овогодинешните настани на едно место собраа угледни учесници. Од Македонија допатуваа проф. д-р. Лидија Капушевска Дракулевска, Владимир Мартиновски и Томислав Османли, од Словенија учествуваше проф. д-р. Намита Субиото од Филозоскиот факултет во Љубљана, а од Хрватска беа присутни поети од Задар и Шибеник. На Зларин, исто така, за прв пат беше претставена и книгата „Градоначалникот на Хипнополис“ од универзитетските професори Лидија Капушевска Дракулевска и Владимир Мартиновски. Годинашната средба на писатели, публицисти и новинари беше посветена на големите зларински имиња: поетесата Весна Парун и на новинарот и писател Младен Бјажиќ, а за нив зборуваше новинарот во ХРТ, Звонко Варошанец.

Средбата се одржа во Трутини двори, кај Марина и Младен Трута, кој  настојува да го сочува стариот зларински чакавски говор, барем во пишан облик. Резултат на тоа се и две објавени книги со кратки приказни на зларинска чакавица.

За десетгодишно почесно членство во невладината организација Хрватско-македонска тангента, на третиот хрватски претседател му беше врачено и посебно признание.

Свеченото отварање се одржа во Музејот на Град Шибеник, каде настапија професори и среднишколци од Музичкото училиште „Иван Лукашиќ“, а поздравна порака преку видео упати македонскиот министер за надворешни работи, Зоран Димитровски.

Беше одржана и трибина за современите трендови во книжевноста и уметноста како дел од манифестацијата „По трагата на пишаниот збор“.

Деновите на македонската култура во Шибеник и Меѓународната книжевна средба на Зларин се одржаа под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска и градоначалниот на Шибеник, д-р Жељко Буриќ и со подршка на туристичките заедници на Град Шибеник, Шибенско-книнската жупанија и Зларин.

Бројните настани во склоп на културните манифестации се одржаа по повод Денот на македонската независност – 8 септември.

 

Next Post

Казнети нерегистрирани производители на сирење во Прилеп и Скопје

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk