Вечерва во Bruklinski Jazz Bistro (Дебар Маало) во Скопје се одржа промоција на „Ghosts“ првиот студиски албум од македонскиот кантавтор Јон Ајди (Yon Idy).
Со тоа Јон заокружи една етапа од својата кариера.
Албумот содржи песни од почетоците на неговата кариера и претставува своевидно животно патување низ последните 6 години. Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.
– Изборот на песни кои ќе се најдат на мојот прв албум воопшто не беше лесен. Се обидов да ја вклучам и публиката во изборот што се покажа многу продуктивно и тоа ми помогна. Но, на крајот се сведе на тоа кои песни најдобро се вклопуваат во идејата за албумот, како и чувството на создавање на уметност во моментот. Сакав да има тек и музичка приказна. Горд сум на песните и воопшто на албумот. Многу сум возбуден за лансирањето на истиот како пакет од овие парчиња музика, вели Јон.
Секоја песна е слика на неговата душа во посебен период од животот.
Музичкиот критичар Дејв Френклин во рецензијата во „The Big Take Over“, за Јон Ајди и албумот „Ghosts“ ќе рече – Уметникот го создал звукот на иднината.
– Ghosts е звукот на кантавторот кој се движи со времето, звукот на уметникот кој целосно го користи музичкиот пејзаж кој веќе не е полн со правила и прописи, уметник способен да го спои култот со комерцијалата, способен да привлече андерграунд и мејнстрим подеднакво. Уметник кој го создава звукот на иднината, потенцира Дејв Френклин во „The Big Take Over“.
Ј. Ѓорѓиоски
Фото и видео: Џабир Дерала
Прочитајте и…