Државната телевизија на Мјанмар објави дека жртви на тајфунот „Јаги“ во земјата се 226 лица, а 77 лица се водат за исчезнати, пренесоа француските медиуми.
Патиштата се отсечени, а мостовите се урнати, што го отежнува пристапот до погодените области.
Според Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, околу 631.000 луѓе се погодени од поплавите во земјата.
Според истиот извор, поплавите уништиле и речиси 260.000 хектари оризови полиња и други земјоделски култури во земјата.