ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Централна Европа се дави во поплави – опасности ја демнат и Македонија

September 17, 2024 13:27
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Циклонот „Борис“ донесе обилни дождови и силни ветришта, предизвика поплави во делови од Централна и Источна Европа, особено во Чешка, Полска и Австрија. Илјадници се евакуирани, а расте и бројот на жртви. На фотографии и видеа можат да се видат поплавени куќи, цели населби, а ни малку пријатни не се сцените од браните низ кои се прелева вода. Сето ова го разбуди стравот од доаѓање на циклонот и кај нас. Од УХМР најавуваат дека веќе од среда врнежите ќе бидат пообилни, повремено и поројни.

„Борис“ ја поплави централна Европа, закана има и за регионов и за нашата земја

Колку нашата земја под ризик од поплави, и каде би била најголемата штета доколку дојде до поплава ни објасни професорот Иван Минчев од Шумарскиот факултет.

„Генерално, цела Македонија е под ризик од поплави. Под ризик од поплави се сите македонски котлини. На картата подолу ризичните подрачја се означени со сина боја“, појаснува професор Минчев.

„Меѓутоа, треба да разликуваме речни и поројни поплави. Речните, означени на картата горе, подразбираат надоаѓање на големите водотеци и излевање на истите од нивните корита и плавење на рамните површини, на котлините“, вели професорот.

„Поројните поплави подразбираат поплави на мали планински реки (со стрмен тек), уште почесто суводолици (поточиња кои низ поголемиот дел од годината се суви или имаат многу малце вода), и при пороен дожд за многу кратко време ја пренесуваат водата и не само вода туку и голем обем на наносен материјал (камења, земја, карпи големи дури, ѓубре, градежен отпад – што е голем проблем со повеќето села бидејќи го фрлаат отпадот над село во река или суводолица).“, објаснува професорот Минчев.

Професор Минчев за НОВА ја презентира и картата на локации на потенцијални поројни поплави од 1950-та па наваму.

Скопје е градот со најголем ризик од поплави

Според неа, може да се забележи дека како посебно ризичен терен од поплави доминира Шара Планина бидејќи е подрачје со многу стрмни падини од алпски тип.

Но кога зборуваме за поплава која ќе направи штета врз населението и врз инфраструктурата, Скопје е градот од најголем ризик.

Во таа насока професор Минчев апелира се запре со урбанизација на Водно и приоритетно да се зачува шумата како природна брана од надојдени водотеци.

Професор Минчев потсетува и дека во минатото Водно беше пошумувано токму поради заштита од ерозија и поплави.

„Кога зборуваме за ризик, тоа подразбира веројатност  на случување на некоја појава, во случајов за поплави. Оттука, многу е важно да се превенира тоа што загрозува луѓе и  инфраструктура и од тој аспект, логички, Скопје е најзагрозено бидејќи целата критична инфраструктура и густината на населбите се тука.

Оттука, се наметнува и заклучокот да се запре со урбанизација на Водно и да се посветува поголемо внимание за чување и обнова на шумата. Ова истото може да реплицира и за другите градови иако во помал обем бидејќи во другите региони урбанизацијата не е толку нагласена како што е случајот со Скопје и со Водно, истакнува професор Минчев.

Марија Тодоровска / НоваТВ

Next Post
Фото: МИА

Собрание почна расправа за Предлог-законот за заемот од Унгарија по скратена постапка

НАЈНОВО

Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk