Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Овие народни метафори од насловот би можеле да бидат адекватна асоцијација и прикладна компарација за фамозната од ковано железо ограда околу владата, а со монтирај – демонтирај – монтирај и веќе прескап проект, всушност, кога неодат работите со реформите, тогаш барем да оди стави – вади – стави забавата за народот или, кога не одат работите со реформите, барем да одат работите со железната, па основното прашање во оваа една реченица кое, секако, ќе остане неодговорено, е кој ќе го плати ќеифот на оградата за нејзиниот џони вокер хир “одими – дојдими”: Нарачателот, Симнувачот или Враќачот и, бидејќи одговор ќе нема зашто плаќачите сме ние, будалите нели гласачи, и овој десетгодишен владин “одими – дојдими” проект, ќе си се вдоми во народната: Немал попот работа, си ја чешлал брадата.