ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Владата формира Совет за управување со јавни финансии

September 17, 2024 18:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски/ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната 20. редовна седница донесе одлука за формирање на Совет за управување со јавни финансии, како највисоко координативно тело на Владата за следење на спроведувањето на реформите на управувањето со јавни финансии предвидени со Програмата за реформа на управувањето со јавни финансии 2024 – 2027 година.

Советот, како што информираат од владината прес-служба, ќе го сочинуваат претседател и девет члена. Претседател ќе биде министерот за финансии, а членови министрите за европски прашања, за енергетика, рударство и минерални суровини, за јавна администрација, и за дигитална трансформација, како и директорите на Царинската управа на Управата за јавни приходи и на Бирото за јавни набавки, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки и главниот државен ревизор.

-Основни работи на Советот се да ги презема потребните активности при остварување на реформските цели на Програмата, да го разгледува и одобрува Предлог-годишниот акциски план за спроведување на Програмата, пред негово усвојување од страна на Владата, да го следи спроведувањето на Програмата и Годишниот акциски план за спроведување на Програмата во однос на утврдените резултати, показатели и таргети, да ги разгледува, дава мислења и препораки за полугодишниот и годишниот извештај за напредок во спроведувањето на Програмата и на Годишниот акциски план за спроведување на Програмата кои се доставуваат на усвојување до Владата. Покрај тоа, Советот треба да предлага мерки што влијаат врз временската рамка за спроведување на активностите, да предлага мерки поврзани со финансирање на активностите во рамките на Програмата, да обезбедува тесна соработка помеѓу релевантните институции вклучени во реализација на активностите, да решава кои било прашања поврзани со координација помеѓу засегнатите страни, да води дијалог за политиките на високо ниво со донаторите и другите засегнати страни за спроведување, финансирање и опфат на реформата на управување со јавни финансии. Советот треба и да следи и дава насоки за обезбедување на широка општествена поддршка за планираните реформи на управувањето со јавните финансии, да го води процесот на среднорочна и конечна процена на целите и резултатите на Програмата и предлага промени на мерките и активностите утврдени во Програмата и заеднички да ги разгледува критичните точки или тесни грла во понатамошното спроведување на Програмата, и предлага и презема корективни активности за решавање на идентификуваните проблеми (во поглед на процесот на управување со ризици), информираат од Владата.

Tags: Совет за управување со јавни финансии
Next Post
ЕСМ. Фото: Фронтлајн

АД ЕСМ: Лошата кондиција на производните капацитети е причина за набавка на електрична енергија

EVN

НАЈНОВО

Фото ССМ

Голем работнички протест на ССМ: „Кога Владата и газдите не слушаат, работниците ќе зборуваат на улица“

March 14, 2026

Мицкоски: Кочани е место на огромна трагедија и ненадомеслива загуба, но и лекција за иднината

March 14, 2026
Фото: Скриншот

Ден 15 од војната со Иран: Американски удари врз Харг – островот што носи 90% од иранскиот нафтен извоз

March 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

    Викенд хороскоп со Анаис – 14 и 15 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем работнички протест на ССМ: „Кога Владата и газдите не слушаат, работниците ќе зборуваат на улица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Првата порака на новиот ирански лидер Моџтаба Хамнеи отвори големо прашање: Кој навистина ја води земјата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk