ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Тирана се одржува 27.конференција на Началниците на ГШ на иницијативата САД-Јадранска повелба

September 18, 2024 12:31
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Тирана денеска почна Дваесет и седмата конференција на началниците на генералштабовите на Иницијативата за американско-јадранска повелба (А-5).

Со конференцијата копретседава началникот на Генералштабот на албанската армија, генерал-мајор Арбен Кингџи и врховниот командант на сојузничките сили во Европа, во исто време и командант на американските сили во Европа, генерал Кристофер Каволи.

Фокусот на оваа конференција ќе биде развојот и динамиката во безбедносното опкружување во регионот и пошироко, зголемувањето на трошоците за одбрана над прагот од 2% од Бруто домашниот производ како начинот за исполнување на капацитетите на Алијансата и целите на планирањата на НАТО за партнер земјите.

Генерал Каволи на отворањето изјави дека конференцијата на Јадранската повелба има за цел да ги унапреди основните принципи и вредности на ОН.

– За нас е многу добра организација да водиме дијалог и да се фокусираме на овој критичен дел од Европа. Нациите овде се посветени на унапредување на принципите на Повелбата на ОН и основните вредности, кои ни се многу драги. Оваа конференција е основа и работа за нас да одиме напред кон просперитетна иднина. Нашето континуирано партнерство, не само меѓусебно, туку и меѓу сите нас ја поддржува оваа заедничка цел, нагласи Каволи.

На конференцијата учествуваат земјите потписнички на А-5; САД, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Северна Македонија, додека со статус на набљудувач се присутни и претставници од Косово и Словенија, командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, Италија, како и аѓутантите од соодветните држави на Програмата за партнерство на Националната гарда на САД (Њу Џерси, Мериленд, Минесота, Вермонт, Мејн), државите на Програмата за партнерство на Државниот набљудувач (Охајо, Колорадо, Ајова), објави АТА.

Tags: Јадранска повелбаТирана
Next Post

Австралиската полиција уапси 38 лица во глобалната акција против шифрираната мрежа „Ghost“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Теоријата на панспермија – животот како космички вирус

November 1, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

(ВИДЕО) Европски социјалдемократи: Ние сме со демонстрантите во Србија кои протестираат веќе една година

November 1, 2025

(ВИДЕО) Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk