ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски очекува Унгарскиот заем да биде ставен во функција кон крајот на октомври или почетокот на ноември

September 21, 2024 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски (фото извор: скриншот од видео на МИА)

Христијан Мицкоски (фото извор: скриншот од видео на МИА)

Share on FacebookShare on Twitter

Првите индикатори во економијата со промената на власта се навистина изненадувачки позитивни во делот на растот на индустриското производство, преработувачката индустрија, растот на БДП, намалувањето на инфлацијата… наплатата на обврските од страна на институциите, Царината, УЈП и тоа охрабрува, вели премиерот Христијан Мицковски и посочува дека очекува покачување на платите во реалниот сектор.

Одлуката на Централната банка за намалување на референтната каматна стапка за 0,25 проценти, според Мицкоски, значи дека полека, но сигурно во овие два-три месеци состојбата се стабилизира и полека економијата заживува.

Мицкоски, исто така, нагласи дека очекува уште поголема економска активност во третиот и четвртиот квартал и поинтензивен раст на БДП и годината да биде завршена подобро од прогнозата на меѓународните финансиски институции.

– Очекувам тоа да продолжи така, бидејќи сега во Парламентот помина заемот од 500 милиони евра. Веќе очекувам втора половина на октомври или првата половина на ноември да биде ставен во функција на македонската економија… и македонските компании да можат овој заем од 250 милиони евра да го користат, изјави Мицкоски по посетата на Кавадарци.

Со Министерството за финансии, како што посочи, се анализираат условите од банките за користење на заемот.

–  Ги повикувам банките да бидат солидарни со бизнисот и македонската економија и каматната стапка со којашто е земен овој кредит, да ја имаат и тие,  да не ја зголемуваат и калкулираат со трошоци, бидејќи и онака премногу трошоци се калкулираат. Доколку тоа не биде така, тогаш ќе одиме со Македонската развојна банка и со механизмите што ги имаме, ќе го започнеме овој проект, затоа што не сакаме македонската економија да биде дополнително оптоварена, изјави Мицкоски.

Во однос на платите, премиерот рече дека Државниот завод за статистика со податоците за јули годинава ги побил тезите на поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со нив платите растеле, а со ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да растат.

–  Државниот завод за статистика со бројката што ја објави за јули, не само што ги демантираше, испорача и две контра тези на тоа. Прво, видовме дека платите во јули, што реално беше прв месец на оваа влада, продолжија да растат со исто и забрзано темпо, споредено со она што се случуваше изминатиот период. Но, разликата е што тогаш се ограбуваше буџетот на грбот на граѓаните и инфлацијата беше двоцифрена, па платата што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана, изјави Мицкоски.

Денеска, нагласи Мицкоски, платата повторно расте забрзано, но инфлацијата е најниска во регионот во август, споредено со истиот месец лани и е на ниво од 2,2 проценти, а од почетокот на годината, заклучно со август е помала од 3,5 отсто.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МицкоскиУнгарски заем

НАЈНОВО

Бугарскиот Парламент ќе гласа за недоверба на владата

July 11, 2025

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

July 11, 2025

Почнува судењето на поранешниот директор на Онкологија, Васев, и тројца онколози за несовесно лекување пациенти

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk