ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

На 25-годишнината од усвојувањето на Декларацијата и Програмата за акција за култура на мирот, светот се соочува со кризи, конфликти и војни: ЦИВИЛ повикува на акција

Соопштение на ЦИВИЛ - Центар за слобода, по повод Меѓународниот ден на мирот

September 21, 2024 15:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година се одбележува 25-годишнината од усвојувањето на Декларацијата и Програмата за акција за култура на мирот од страна на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во таа декларација, најинклузивното тело на Обединетите нации призна дека мирот „не е само отсуство на конфликт, туку бара и позитивен, динамичен партиципативен процес каде што се охрабрува дијалогот и конфликтите се решаваат во дух на меѓусебно разбирање и соработка“.

Во свет со зголемени геополитички тензии и долготрајни конфликти, никогаш немало подобро време да се потсетиме како Генералното собрание на ОН се собра во 1999 година за да ги изложи вредностите потребни за култура на мир. Тие вклучуваат: почитување на животот, човековите права и основните слободи; промовирање на ненасилство преку образование, дијалог и соработка; посветеност на мирно решавање на конфликтите; и придржување кон слободата, правдата, демократијата, толеранцијата, солидарноста, соработката, плурализмот, културната различност, дијалогот и разбирањето на сите нивоа на општеството и меѓу народите.

ЦИВИЛ, организација за човекови права и слобода е врсник со оваа важна декларација на Обединетите нации. Уште од самото основање на ЦИВИЛ на 25 ноември 1999 година, во својата визија и мисија, организацијата ги промовира човековите права и слободи, мирот и демократијата, и се залага за свет во кој луѓето ќе живеат мирно и достоинствено. Во своите темели, ЦИВИЛ ги вгради бескомпромисните заложби за општество каде што човековите права и слободи ќе се почитуваат во целост, култот кон оружјето и насилството ќе биде надминат, а дискриминацијата, нееднаквоста, омразата, предрасудите, и национализмот ќе бидат само мрачна епизода на минатото.

На Меѓународниот ден на мирот, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да го изберат мирот наспроти војната, дијалогот наспроти насилството, правдата наспроти кршењето на човековите права и воените злосторства.

Меѓународниот ден на мирот оваа година нè потсетува колку лесно може да се наруши и распадне мирот во светот. Руската агресија врз Украина, веќе трета година, го дестабилизира светскиот мир преку ужасните злосторства против човештвото, негирање на правото на постоење по било која основа и со очигледна намера за истребување на украинската нација.

Во време кога сите земји во светот се меѓусебно поврзани и зависни на најразлични начини, воената агресија против Украина, како и сите воени и други конфликти во светот го загрозуваат сечиј живот на оваа планета. Затоа, ЦИВИЛ повикува и се придружува на иницијативите за обединување и одбрана на правото за мирно и достоинствено живеење во демократски и праведни општества каде што војната и воените злосторства се недвосмислено и решително осудени. Секој поединец во светот има можност да придонесе кон општество ослободено од поделеност, омраза, дискриминација, сегрегација и насилство.

Со силна поддршка за Украина и украинската нација, и на Формулата за мир на украинскиот претседател Зеленски за целосно ослободување на земјата од руската агресија и за постигнување праведен мир, ЦИВИЛ повикува на обединување на светот во заложбите за ставање крај на воената агресија и нелегална окупација на делови од Украина. Многубројните изгубени човечки животи да бидат и последни што ќе сведочат за хоророт и деструкцијата што војната ги носи со себе.

ЦИВИЛ стои на ставот дека мирот, слободата и еднаквоста се вредности кон кои се стремат и граѓанките и граѓаните на Северна Македонија. Тие вредности треба сите заеднички секојдневно да ги почитуваме, споделуваме и промовираме. Негувајќи го мултикултурализмот наспроти меѓуетничките конфликти, промовирајќи ги заложбите за европските и зелените вредности, наспроти националистичките наративи, дезинформациите и пропагандата, заеднички ќе ја извојуваме битката за демократско и праведно општество.

ЦИВИЛ – Центар за слобода


Преземањето е слободно и пожелно. Честит Ден на мирот!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина Е агендата

June 28, 2025

Филипче од Берлин: Овде сум да ги бранам позициите на Македонија, „современ“ пред јазикот не смее да помине

June 28, 2025

Ѓоковиќ – Милер, Алкараз – Фоњини а Синер против Нарди на стартот на Вимблдон

June 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија се заплеткува во лавиринтот на европските преговори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk