ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Владата потфрли, по седум години има намалување на просечната плата за 1.000 денари

September 22, 2024 12:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Јована Тренчевска Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Економските политики на Христијан Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ потфрлија. За прв пат, после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена е за 1.000 денари, истакна на денешната прес-конференција Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Таа напомна дека „според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денар. Или за 1.000 денари помалку од платата во месец јуни кога изнесуваше 41.939 денари“.

„Ова не е само статистика. Ова намалување на просечната плата ги одразува погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од една страна и претставува удар врз стандардот на граѓаните од друга страна. Пад од 1.000 денари значи помалку пари во џебот на народот, помалку пари за храна на трпезите, помалку можности, намален квалитет на живот, понизок стандард. Политиките на владата потфрлија во клучната сфера, платите на луѓето, токму онаму каде граѓаните  најмногу очекуваа и каде најмногу им е потребно“, истакна Тренчевска.

Наместо да поттикнуваат раст и зголемување на платите, нагласи Тренчевска, ВМРО-ДПМНЕ ја враќа политиката од минатото владеење каде работниците беа евтина работна сила.

„Ова намалување на просечната плата е јасен показател дека нивното економско управување не е само несоодветно – тоа е и штетно. СДСМ во изминатите години ја зголемуваше просечната плата во континуитет и во време на кризи и достигна над 41.000 денари. Во времето на ДПМНЕ, во 2015 година, просечната плата изнесуваше само 20.853 денари. Платата постојано растеше со СДСМ со години наназад, во 2020 година просечната плата беше 28.294 денари, во 2022 година беше 34.364 денари а во 2024 година достигна над 41.000 денари. Дојде ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и платите почнаа да паѓаат. Неприфатливо е која било влада да дозволи тоа да се случи, особено кога семејствата се борат со секојдневните поскапувања. Бараме владата на Христијан Мицкоски да ја промени оваа погрешна политика и да ги зголеми платите. СДСМ ќе продолжи да се бори за поголеми плати, правични плати и подобри услови за живот за сите наши граѓани“, истакна Тренчевска.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули годинава изнесувала 40.961 денари  објави Државниот завод за статистика.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (9.9 %), Административни и помошни услужни дејности (5.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %), објави ДЗС.

Ј. Ѓ.

Поврзано: 

Просечната нето плата во јули 40.961 денар

Next Post
Фото: МИА

Прва конзервација на агората во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

НАЈНОВО

Втор круг локални избори во 18 општини во Косово, воведени дополнителни безбедносни мерки

November 9, 2025

Дијана Хрка му одговори на Вучиќ: Нема да му простам

November 9, 2025
ВИ

Издадено предупредување за цунами во Јапонија по земјотресот од 6,8 степени

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk