ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Власта е вавилонска курва и ѓаволски престол

September 22, 2024 11:23
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Вмро се обидува да ја присвои кризата.

Таа хронична феноменолигија од ниските регистри на македонското тапанарство.

И зурлаџиство.

Со малку возбуда и многу бесмисла.

Задграничните срања како и менталните дефекации во сопствениот двор, под мушмулите кои се се уште потврди од нивните говна, имаат таква цел.

Конрад ги учи дека во кризата е рационално, па дури и природно, моќта да се концентрира во мал центар.

Макар привремено.

Во тапоста на Мицкота.

Каква проникливост.

Расправите со Грција, со Бугарија, со Европа, со СДСМ, со ДУИ, немаат врска со темите околу кои се водат, туку се само вода   за полевање на цвеќето на кризата.

Но, бидејќи се соочуваме со криза од мал ранг, мнозинството, што ќе рече народот, продолжува да се однесуваме без големи секирации.

Таа психологија ја одржува кризата како хронична. Со време, општествената аномалија почнува да се сфаќа како нормална емоционална состојба, наместо како патолошка.

Гудман вели дека нема начин да се вратиме во нормала, дека нема начин да го контролираме fatis accomplis. Нема одговорност на оние кои носат одлуки се додека не се направи толкава штета која ќе доведе до јавно згрозување.

Македонија, објективно, се движи кон нивото на апокалиптичните последици, но разбирањето на тоа го попречува психологијата што пред малку ја споменав.

Најлошо, според Гудман, е што не постојат изгледи да се појави филозофско гледиште кое би можело да стане делотворно.

Кој би го претставил таквото гледиште!?

Пред неколку дена јас пишував дека не ни се потребни напади, туку нова филозофија. Гудман тоа не го негира, напротив, ја потврдува мојата теза за филозофијата само што смета дека во условите во кои денеска е Македонија, таа не е можна.

Ќе видиме!

Меѓу оние кои имаат власт и оние кои ја прифаќаат својата беспомошност (нешто слично на ситуацијата во Нордот) постои уште една можност, апокалипса, не само можноста да ја прифатите немоќта, туку и да очекувате и дури можеби и посакувате, па и забрзувате неизбежната историска експлозија. Тука постојат две варијанти: некои можат да ја очекуваат катастрофата и да си ја чукаат главата со тоа што да прават со себе, а други да ја посакуваат катастрофата и да се поистоветуваат со неа.

Постојат и луѓе кои несвесно или свесно посакуваат катастрофа и работат на тоа да дојде до неа. Желбата за експлозија се јавува кај луѓе кои се фатени во мрежата на фрустрирачкиот систем и кои немаат животна сила да го напуштат, а нивната животност, всушност, е експлозивен бес.

Многу сиромашните луѓе кои имаат „култура на сиромаштвото“, ретко се психички лојални на доминантниот општествен систем, така што на нив им е потребна тотална деструкција.

Ние во Македонија немаме работа со власт која во нешто морално погрешила, туку со вавилонска курва, ѓаволски престол и ѓаволска власт. Во таква ситуација совесното стојалиште би можело да биде не да не се почитува законот туку да се отфрли и презре.

Јасна е разликата меѓу граѓанската непослушност во легитимен поредок и револуцијата која би можела или не би можела да ја докаже сопствената легитимност.

Кај нас е проблемот тоа што поредокот и покрај изборните резултати, дури и имено поради нив, е нелегитимен. Суштински е нелегитимен, затоа што победата ја оствари во нерегуларни медиумски услови, пред сѐ, а води политика која е тотално спротивна на изборните ветувања.

Луѓето веруваат дека главните заднински услови на модерниот живот се надвор од нашите моќи за влијание. Нашата психологија, накратко, е дека историјата е надвор од нашата власт. Таа не е повеќе нешто што ние го создаваме, туку нешто што ни се случува. Политиката не е внимателно кормиларење со тешко подрачје туку се сведува на тоа како да се дојде до моќта и да се задржи и покрај тоа што сферата на ефективната моќ е крајно ограничена.

Вака изгледа еден обид македонската драма да се смести во некакви теориски рамки. Или обратно, теориските и практични разгледи на Пол Гудман да се сместат во нашата каша.

Има тук загрижувачки елементи, но јас ги бирам оние кои влеваат надеж.


Специјално за Првата линија. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

Илустрација: Colored version of the Whore of Babylon illustration from Martin Luther’s 1534 translation of the Bible (Wikipedia)

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

„Македонско најдобро“ – кампања за купување домашни земјоделски производи и преработки

July 5, 2025
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

July 5, 2025

Сѐ повеќе земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици при патување во САД

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk