ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

МВРО – ВМРО, проширено и надградено: И по Гоца – Панче

September 23, 2024 12:03
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Во моето рано детство, во еден период од социјалистичкото самоуправување кога кичестите лустери со висечки стакленца купени од дуќаните на Егнатиа во Солун беа „маст“ за речиси сите домаќинства во земјава, па и подалеку на север, во моите детски игри, замислувајќи се детектив, најчесто приватен, инспириран од тогашните серии Серпико и Коџак, стакленцата од таквиот лустер што висеше дома од таванот, ги замислував како дијаманти и имав огромна желба (која остана неостварена) да ги извадам од лустерот и да ги употребам во играта, глумејќи како божем да сум ги запленил од имагинарните криминалци. Разбирливо, во тоа време верував и во Дедо Мраз.

Додека таквото фантазирања во одреден период од психофизичкиот развој на децата се, не само нормални, туку и пожелни, кога истите ги применува возрасен личност, не ќе да е баш нормално. Па дури и ако верувањето во Дедо Мраз се замени со вербата во партискиот лидер.

И додека министерот на МВР како папагал повторува за индиции за криминал од епски размери, трудејќи се резервните стакленца за лустер да ги прикаже како милионски улов на дијаманти (среќа што не се сети прав шеќерот, брашното и ориганото од кујната не ги прогласи за запленет и количини од епски размери, разбира се, на кокаин и марихуана), сторителите се секако од кругови блиски на претходната власт, во државата се случува реинсталирање на МВРО-ВМРО, по теркот на министерката од грујовото време на владеење, кога спектакуларно се апсеа и се носеше пресуда за неистомислениците уште пред да седнат на обвинителна клупа, а им судеа судии од црните тефтерчиња на власта. Ова добро го знае сегашниот министер, кој во тоа време беше еден од главните адвокати на режимот. Затоа сега делува како сијамски близнак на Јанкуловска.

Ако тогаш главната мака на министерката на МВРО-ВМРО беше дека „не можеше едно убиство да сокрие“ сегашниов си ја има маката да не може едно колективно преминување без пасошка контрола преку македонско-косовската граница да сокрие.

И сега повторно партиските шерифи се на власт во МВР, само што сега за случајот со ослободувањето на кривично гонење на телохранителот Мицкоски, кој во февруари натепа полицаец пред ноќен клуб во Скопје, минал без казна иако за него министерот за внатрешни работи Панче Тошковски тогаш најави кривична пријава и суспензија, пошироката јавност молчи, молчат медиумите, молчат партиските ботови. Стивна и неутралата, која предходно, во улога на „корисни идиоти“ хистерично ширеше „пресмешни досетки“ дека пајакот ја нападнал полицајката, која се обиде да казни функционер на ДУИ. Натепаниот полицаецот од пред „МОШ“, кој беше спречен во вршење на должноста и натепан од колега, телохранител на Мицкоски, се „доброволно“ се повлекол од случајот. Најверојтано, во духот на поранешните досетки на неутралата, признал дека се самонападнал од заседа, и при самопретепувањето се самоповредил.

И ако министерот речиси секојдневно највува решителна бoрба против (организираниот) криминал, ветувајќи дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, за сигурност и безбедност на граѓаните, всушност, состојбата е сосема различна и повеќе од алармантна, додека во нашата земја, за само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили (нови два случаи вчера) на инспектори, началници, командири, општински функционери, се пука и се убива среде бел ден, врсничкото насилство достигнува кулминација, не се безбедни ниту училиштата, а затворите се место за прошетка.

Во меѓувреме, ослободени затвореници од директорот за издржување санкции, сопартиец на Панче, слободно се шетаат остварувајќи средби со босови на нарко картели, додека партиски активисти, сликани на „местото на злочинот“ каде што шират верска и национална нетрпеливост со цел дестабилизација и креирање политичка и безбедносна криза, поминуваат неказнето, иако „првиот пендрак“ најави бескомпромосна борба.

 „А војна да направиме“ – ви звучи познато?

Бескомпромисна борба најави министерот и со корупцијата, па сега останува да се види дали ќе му поднесе тужба на премиерот Мицкоски кој, ќе треба да најде начин да го обесштети инвеститорот за да не ја гради катната гаража до Собранието, ќе го нарече неразумен, незрел и дека направил нешто што ја загрозува безбедноста на Собранието тој што дал дозвола за градба.

Иако премиерот во изјавата не посочи конкретно име (веројатно подучен од адвокатот Тошковски), а и самиот Тошковски вели дека не знае на кого се однесува изјавата на премиерот, не е тешко да се погоди на кого се однесува таа, ако се земе предвид дека сегашниов министер за внатрешни работи, не само што бил адвокат на инвеститорот, фирмата „Анго“ која требаше да ја гради катната гаража во дворот на Собранието, тој директно учествувал од самиот почеток во проектот уште во 2009 година. Според обемната истражувачка сторија на БИРН, Панче истовремено бил член на комисијата на Министерството за транспорт во 2009 што го спровела јавното наддавање, при првиот обид да се најде инвеститор. Тогаш со  МВР, кое дало дозвола да се изгради подземен паркинг и земјиштето да се даде на користење на 20 години, раководеше (погодувате кој) токму Гордана Јанкулоска.

Тошковски ќе одглуми амнезија и ќе каже:

„Можно е да сум бил во комисијата, не знам, ако имате документи што го покажуваат тоа – веројатно сум бил.

За подоцна да потврди и дека има блиски приватни релации со сопствениците на „Анго“, брачниот пар Трпковски и дека ги застапувал и во други случаи, не само во предметот за катната гаража.

„Дали семејството ми е блиско? Ви кажувам – да! Дали сум ги застапувал? Да! Дали, освен во тој предмет, сум ги застапувал и во други? Да! И поради тоа како министер се иззедов од овој случај“, вели тој.

Освен што се пријатели, БИРН открива дека тие се и соседи, во малата зграда во Буњаковец, во која Тошковски бил коинвеститор за изградбата на зградата заедно со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. „Јас, како адвокат, им го изготвив купопродажниот договор за станот“, вели министерот  за БИРН, инсистирајќи дека свесно се дистанцирал од актуелностите поврзани со неговите пријатели и поранешни клиенти.

„Анго“, каја долго по 2014 година, кога ја добила градежната дозвола, на терен не работела речиси ништо, помеѓу 2018 и 2021 година, водат две судски битки со Општина Центар за одземањето на дозволата пред Управниот суд, кои фирмата ги добива во своја корист, застапувана, секако од сегашниот министер, во тоа време адвокат Панче Тошковски.

И сега, со доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ и седнувањето на Ташковски во министерската фотеља на МВРО – ВМРО,  претставници на „Анго“ седнаа на иста маса со претставници на БЈБ, МВР, Собранието, Министерството за транспорт и Општина Центар да преговараат за стратешко решение како државата да го врати во владение земјиштето. Формирана е работна група која треба да предложи решение за овој проблем, односно, само да ја иминува висината на отштетата која ќе треба да се плати од државниот буџет, со пари на граѓаните на сметка на семејните пријатели и соседи на Панче.

Панче ми текна, а да пробате како отштета на „Анго“ да им дадете од запленетите дијаманти во криминалот од епски размери во Струмица.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

May 15, 2025

Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

May 15, 2025

Кошта од Тирана: Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери не го поддржаа законот за Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk