На летната Сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе настапи „Пијан Славеј“, музичко-поетски формат на Бранислав Николов од групата „Фолтин”, заедно со Пеце Трајковски, Славчо Јовев, Андреа Мирческа и Гоце Јованоски со нивната нова македонска шансона, која го осовременува стариот вкус на музичката поезија од шеесеттите и седумдесеттите години на минатиот век.
-Следните настани се претставата „Кец на десетка“ на 25 септември, на 26 септември „Не се клади на Енглези“, на 27 септември – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, на 30 септември – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје. И за крај, на почетокот во месец октомври ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1 октомври и свеченото затворање на летната сцена ќе биде заокружено на 2 октомври со култниот рок бенд „Архангел” – Македонски подобро звучи Едиција 4. соопштија од МНТ.