ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со финансиска поддршка на Фондацијата Заев, издадена книга во спомен на претседателот Борис Трајковски

September 25, 2024 14:53
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

„Господ да ја благослови Македонија“. Така е насловена книгата во спомен на вториот македонски претседател Борис Трајковски, на авторите Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, која неодамна излезе од печат во издание на „Студентски сервис“ од Скопје, а со целосна финансиска поддршка на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, соопштуваат од Фондацијата.

Автор на предговорот на книгата е основачот и директор на фондацијата Зоран Заев. Во неговиот текст под наслов „Книга-споменик“  меѓу другото се вели:

„…Споменикот и не мора да биде од гранит, бронза или мермер. Тој може да биде создаден и од хартија и зборови. Нужно е тој да биде направен со почит, љубов и верба. За среќа, сè уште постојат такви луѓе кои, бидувајќи верни на својот занает, умеат тоа да го сторат повеќе од добро. Такви се познатите радио-новинари Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, кои одлучиле да остават зад себе дело за почит и паметење, дело за сегашните и идните генерации, а со намера да ја одбележи 20-годишнината од трагичната смрт на претседателот Борис Трајковски“.

Од Фондацијата истакнуваат дека „Зоран Заев, уште во првата година од првиот мандат на неговото градоначалствување со општина Струмица, донесе одлука за подигање споменик на претседателот Трајковски во струмичкиот градски парк. Споменикот, дело на рускиот скулптор Григориј Потоцки, беше откриен во 2005 година, само една година по трагичната смрт на Трајковски. За жал, и по 20 години од неговата смрт, тоа е единствениот споменик во земјата подигнат во негова чест“.

Tags: борис трајковскиЗоран ЗаевКнига
Next Post
Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на состаноци на Советот за безбедност на ОН и на Глобалната коалиција за справување со заканите од синтетички дроги

НАЈНОВО

Фото: Кошаркарска федерација на Македонија

Македонските кошаркари против Унгарија ги завршуваат претквалификациите за СП 2027

August 20, 2025

Здружението на тренери во Италија бара израелската репрезентација да биде суспендирана од меѓународни натпревари

August 20, 2025

Исак го обвини раководството на Њукасл дека ги крши ветувањата

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk