Учениците од јавните училишта ОУ „Коле Неделковски“, „ОУ “Јохан Хајнрих Песталоци“ и „ОУ Кочо Рацин“ од Скопје учествуваа на работилницата Upcycling (за надградба) организирана од Одделението за комерцијални и економски прашања на Амбасадата на Грција во Северна Македонија и грчката невладина организација „Catwalk“ во Скопје, 23-24 септември, соопштуваат од грчката Амбасада.
Оттаму велат дека Работилницата Upcycling (за надградба) се фокусираше на одржливата и етичката мода и на циркуларната економија,
Учениците научија за влијанието на модната индустрија врз животната средина, како и за можностите за повторна употреба на облеката и заштита на животната средина. Во практичниот дел од работилницата, тие ја покажаа својата креативност и вештините за соработка, претворајќи стари маички во чанти, со што им дадоа нов живот на стари предмети, се наведува во соопштението од грчката амбасада.