ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Орбан ги отварa вратите во Северна Македонија за неговите политички и економски интереси!

September 26, 2024 10:54
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Посетата на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан на Северна Македонија ги отварa вратите за неговите политички и економски интереси и го зајакнува влијанието на оската на илиберализмот кој го има како на Исток така и на Запад, велат познавачите на политичките збиднувања во земјата и на меѓународната сцена, коментирајќи ја дводневната посета на унгарскиот премиер и неговиот владин кабинет на Северна Македонија.

– Се отвараат вратите пред сè за Орбан, т.е. за неговите политички и економски интереси, несомнено и за зајакнување на влијанието на оската на илиберализмот кој го има како на Исток така и на Запад. Со посетат на Орбан се отвараат вратите не само за Путин, туку и на Трамп), вели за „Фронтлајн“, универзитетската професорка Ана Чупеска.

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во НАТО, Нано Ружин, средбата меѓу премиерите Христијан Мицкоски и Виктор Орбан повеќе ја гледа како билатерална, на која, вели дека, најверојатно ќе се зборува и за руските позиции, односно за позициите кон украинската криза.

Нано Ружин

– Сметам дека од денешен аспект не сме во состојба да ја менуваме нашата глобална стратегија кон војната во Украина, а постојат и извесни принципијалности – бидејќи во таков случај би се предизвикала голема реакција од САД и ЕУ – доколку настојуваме да ја менуваме политиката кон војната во Украина. Без разлика на посетата на Орбан мислам дека остануваме на иста линија. Надворешната политика на Северна Македонија не е независна, таа треба да ги исполнува и да ги следи принципите на НАТО и ЕУ, изјави за “Фронтлајн“, Ружин.

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, заедно со делегација на унгарската Влада, денеска и утре, ќе биде во официјална посета на Северна Македонија. Во еден од охридските хотели, според најавата, владите на Северна Македонија и на Унгарија ќе одржат и заедничка седница.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер и премиер Христијан Мицкоски важат за блиски со Орбан и неговата партија Фидес.

Набргу по формирањето на Владата во Скопје во јуни, за време на самитот на НАТО во Вашингтон што се одржа во првата половина на јули, Мицкоски со Орбан договори Северна Македонија да земе кредит од Унгарија во висина од 500 милиони евра. На 17 септември законот за унгарскиот кредит беше изгласан и во Собранието.

Во Унгарија се наоѓа и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски. По паѓањето од власт, додека во земјава се водеа повеќе судски случаи против него, Груевски во ноември 2018 година избега во Будимпешта каде доби политички азил.

Дестан Јонузи

Tags: Виктор ОрбанВладаЕУНАТОРусијаСеверна МакедониаУкраинаУнгаријаХристијан Мицкоски
Next Post

Есенска дератизација во општина Аеродром

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk