ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче презентираше документ дека Светска Банка понудила поповолен кредит од унгарскиот

September 26, 2024 21:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервјуто за емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вечерва презентираше документ, според кој, како што рече, претходната влада веќе преговарала за заем од Светска банка по многу поповолни услови за разлика од каматната стапка на кредитот што владата на премиерот Христијан Мицкоски го договори со Унгарија и премиерот Виктор Орбан.

„Во стратешката рамката за партнерство на Светска банка со Република Северна Македонија 2024-2028 година меѓу другото стои и ставка за локални патишта и за локални општински работи за кои се одвојуваат 75 милиони долари. Зошто некој би преговарал како опозицијата, под целосно нетранспарентни услови, кога истите тие пари како континуитет на систем на заеми и работа со општините практично ги има државата преку Светска банка“, праша Филипче и додаде дека времето ќе покаже кои се бенефитите за Мицкоски и за Орбан од овој кредит.

Филипче потенцираше дека заемот со Светска банка кој бил веќе планиран е со многу пониска каматна стапка од кредитот од Унгарија – односно од 1,2 % во еден дел и од 3,5 % во друг дел што е многу поповолна ситуација наспроти 3,2 % што Северна Македонија и идните генерации ќе треба да ги плаќаат како камата на кредитот договорен со Орбан.

Понатаму, она што е најсимптоматично според претседателот на СДСМ е дека не постојат никакви контролни механизми, ниту во законот ниту во договорот за заем со Унгарија.

„Во Законот за заем, во член 1 пишува дека Владата на Република Северна Македонија се задолжува кај унгарската Експорт-импорт банка со заем во износ од 500 милиони евра за буџетско финансирање и за финансирање на општи цели. Никаде не стои општини, ниту се наведени компании. Ние не знаеме за што се наменети тие пари“, потенцира Филипче.

Според Филипче, денеска сме сведоци на една иронична ситуација, во која претседавачот со Европската Унија Унгарија и премиерот Орбан ја посетуваат земјата во време кога премиерот Мицкоски јавно изјавува дека Северна Македонија нема да ги продолжи преговорите со ЕУ.

„Сите ветувања на Мицкоски за подобрување на преговарачките позиции беа лажни, и сега тоа се потврдува. Единствената тема на која ќе разговараат Орбан и Мицкоски се зделките поврзани со кредитот од Унгарија“, истакна Филипче.

Претседателот на СДСМ прашува кои се приватните релации на Мицкоски со фактори од Унгарија, земја со која досега сме немале никакви релации како држава, и поради кои Северна Македонија влегува во лош „дил“ со кој се задолжуваат идните генерации.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: заем УнгаријаСветска БанкаФилипче

НАЈНОВО

Гаши најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август

July 7, 2025
Маркет. Фото: Фронтлајн

Инфалцијата во март намалена на месечно ниво, зголемена на годишно ниво

July 7, 2025
Фотографија: Министерство за одбрана на Азербеџан (mod.gov.az)

Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Москва го проширува военото присуство во Ерменија при растечки тензии со Баку, Ереван негира, пропагандисти и експерти разработуваат можни сценарија за војна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk