ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ФОТО) На модна ревија продефилираа 31 лице со попреченос

September 26, 2024 14:02
in ДЕНЕС, МОДА, ОПШТЕСТВО

Здружението Икуалити и Зен Футурус, со поддршка на Македонската асоцијација за мода, во текот на вчерашниот ден, 25 септември, на препознатливата тераса на Музејот на современата уметност во Скопје, ги проширија хоризонтите на скопската модна култура, промовирајќи високи вредности на општествена инклузија и отворено општество преку настанот ZEN Инклузивно Soirée, информираат од Здружението Икуалити.

Настанот ZEN Инклузивно Soirée приреди уникатно културно и модно искуство, во кое 31 лице со попреченост продефилираа на моднатa ревија презентирајќи ја првата колекција на ZEN* – адаптирана гардероба. Овој културен настан беше надополнет со префинета музичка програма, кулинарско уживање и ексклузивна изложба на портрети на лицата со мисија со општествени пораки упатени за поголемо вклучување и сеопфатна општествена одговорност.

Публиката од културниот и модниот свет уживаше во ревијата, на која гордо по модната писта исчекорија 31 лице со уникатни способности, артикулирајќи ги своите предизвици и способности, како и промовирајќи ја потребата за нивно активно општествено вклучување и унапредување на квалитетот на животот.

Преку модната ревија, беше официјално промовиран и брендот ЗЕН, основан од страна на Здружението Икуалити и компанијата ЗЕН Футурус со општествена мисија – да пружи поддршка на лицата со попреченост, да го трансформира дотерувањето од фрустрација во задоволство, да влијае на квалитетот на животот, самодовербата и подигнување на нивото на нивната животна независност. Во креирање на колекцијата главни актери беа лицата со уникатни способности, директно вклучени во процесот на моделирање и создавање на колекцијата на адаптирана гардероба изработена по индивидуална мерка и подарена во целост на овие лица.

Мисијата на Инклузивното Soirée беше да промовира верба во повисока цел да креира ненадминлива позитивна енергија која ќе ги руши бариерите за најранливите и маргинализираните и да постави пример за почитување на меѓусебните различности, преку создавање на заедништво и креативни решенија кои водат кон поквалитетен живот.

ZEN Инклузивно Soirée – инклузивна модна ревија e поддржанa од проектот на Владата на Швајцарија „Образование за вработување”, имплементиран од Хелветас.
Овој настан е поддржан од пријателите на ZEN: KIEL Sitze, ЕВН, Прокредит Банка, Амигос Ресторани, Бадел1862, Скопскa Пивара.

За послужувањето се погрижија ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ и ССУ „Лазар Танев“, за фризура и шминка се погрижија СУГС „Димитар Влахов”, во соработка со  Pierre Cardin Cosmetics, MG ART, бренд за нега на коса Got2b и Schwarzkopf.

Next Post

Мицкоски: И посакувам многу успех на Албанија, можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се сретнат на патот кон ЕУ

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk