ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гаши на средбата со Орбан искажа благодарност за унгарскиот заем

September 27, 2024 18:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Владата на Република Унгарија, Виктор Орбан, кој престојува во посета на земјава, соопшти собраниската прес-служба.

На средбата присуствуваа и претседателката на Пратеничката група за соработка на Собранието на РСМ со Парламентот на Унгарија, Ели Панова и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Претседателот на Собранието притоа ја подвлече постојаната поддршка на Унгарија на евроинтеграривниот пат на земјава, која, како што посочи, несомнено е резултат на односите кои ги негуваат двете држави од воспоставувањето на дипломатските односи во 1994 година.

Гаши го информираше Орбан за формирањето на Групата за соработка со Унгарија на почетокот на мандатот и упати покана до претседателот на унгарскиот Парламент да ја посети земјава, нагласувајќи дека соработката меѓу двата парламента треба да се продлабочува и развива на сите нивоа, преку претседателски возвратни посети,  групите за соработка, пратеници и службеници. Гаши искажа благодарност за заемот од Унгарија и истакна дека тој претставува нова енергија за нашата економија.

Премиерот Орбан се заблагодари за срдечниот пречек и отворените разговори со претставниците на државата. Нагласи дека средбите и меѓупарламентарната соработка е особено важна за односите меѓу двете држави и дека секогаш се залага и поддржува комуникација и соработка во сите сфери на општеството, особено меѓу законодавните домови. Унгарија останува посветен и отворен поддржувач на Северна Македонија во Европската Унија и високо ја цени улогата на земјава за заштитата на границите на Унијата, превенцијата од нелегална миграција кон ЕУ.

Соговорниците се согласија дека и соработката во НАТО ќе продолжи и ќе се унапредува во насока на враќање и одржување на мирот во Европа и во светот, се наведува во соопштението од прес-службата на Собранието.

Tags: ГашиОрбан
Next Post

Ѓорческа избори полуфинале на фјучерс во Србија

НАЈНОВО

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025
Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Трамп не ја исклучува можноста за испраќање американски трупи за одржување на мирот во Украина

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk