ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Како ќе живеат заедно европските Албанци и балканските Македонци

September 28, 2024 10:18
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРИЧКОВСКИ, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Откако Албанија се чекираше на летот за Брисел, а Македонија за штипско Ново село, сосема на место е прашањето како тоа ќе се одрази на внатрешните состојби во земјата која четите на вмро ја претворија во пиринпланинско село.

Албанците имаат во Македонија потреби од здравствената и друга инфраструктура. Имаат  интерес и во последната прераспределба на националното богатство во кое реално се значајно ускратени во однос на Македонците. Сите Албанци заедно немаат украдено ниту десет отсто од тоа што во Унгарија го однесе Груевски. Тој интерес ќе го одреди и нивното политичко учество во власта и во општите процеси. Во тие општи процеси ќе влезе изградбата на посебен статус за една нација која е европска во однос на балканската кал во која се препелкаат луѓето што до скоро беа Македонци и доминантна вертикала на државата и општеството. Таа разлика во статусите сигурно ќе води кон некаков посебен ентитет, можеби федерален или конфедерален, во крајна линија, можеби и сепаратен.

Не гледам друг заеднички интерес кој би можеле да го споделуваат европските Албанци и балканските Македонци.

Тоа во поблага форма ќе води кон јакнење на позициите на Албанците и катастрофирање на моќите на Македонците кон нивно дематеријализирање и десубјективизирање, односно кон целите на вмро, со агонични, повремено кризни или, дури, насилни моменти. Но крајната опција ќе биде дисолуцијата на Македонија и обединување на Албанците.

Таквиот развој може, по висока цена за Македонците, да го спречи меѓународната заедница затоа што обединувањето на Албанците ќе ја наруши рамнотежата на силите во регионот и ќе предизвика други реакции. Што ќе нѐ доведе до заклучок дека Македонија е нераспадлива во физичка смисла, но внатрешно ќе се распадне на милион единици.

Европа  беше единствената цел и идеја која можеше да нѐ обедини и организациски и вредносно и политички.

И геополитички.

Орбанистичко-руската ориентација на Мицко и водоводџијата од Куманово, ја зголемува таа дистанца меѓу двата етницитети, на штета на Македонците. Никаква државна сила не може да ја држи ситуацијата под контрола без нато или друга меѓународна интервенција. Ни полицијата ни арм, ни паравоените структури на вмро кои ми се чини дека постојат, ни Стојан Че, можат да направат нешто друго освен да се изглупираат, испозагинат и бидат поразени.

Тоа е, драги браќа и сестри.

Горе високо – долу длабоко.

Што баравте – тоа добивте.

Или ве излажаа.

Слушајте го сега ова и научете се дека треба да читате и да учите, а не по цел ден да ги слушате говњарите на вмро.

Држава со „Нешто ќе те питам бабо“, ракијади и литии не се прави.

Духот е зрел за нешто што е различно од благите радости  што обично си ги допушта.

Тоа е единствениот начин со кој може во своја корист да го сврти идеалното мноштво настани со кои е оптоварен.

Според формулата на Новалис „постојат низи од настани кои одат паралелно со стварните“. Луѓето и околностите обично го преиначувааат идеалниот тек на настаните така што тој изгледа несовршен. Како и неговите последици.

Новалис се аргументира со ставот за Реформацијата: наместо протестантизам, вели тој, се случи лутеранство.

Ние во Македонија тоа преиначување на идеалниот тек на настаните и паралелната стварност, најдраматично го почувствувавме преку делувањето на вмро: Наместо Европа, ја добивме Унгарија, а наместо гордост, ни се случи смрт.

И трето, наместо соживот ги загубивме Албанците.

Не ги загубивме, луѓето отидоа во Европа.

И се загубивме себе.


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk