Гола статуа на Доналд Трамп е поставена кај автопат близу Лас Вегас, САД, во саботата на оградена парцела. Тоа е дел од проектот „Извитоперено и непристојно“. Уметничкото дело е изработено е од метална арматура обложена со пена и стиропор, високо е околу 15 метри и тежи повеќе од 2,7 тони.
Статуата го прикажува кандидатот за американски претседател – намуртен, со јажиња прикачени на рацете, што укажува дека тој наводно е некаква „марионета“.
„Ова е одважно дело за транспарентноста и ранливоста на јавните личности од светот на политиката“, изјавија анонимните креатори на статуата за тамошните медиуми.
Тие се нарекуваат активистички уметнички колектив, а главниот слоган на нивната работа е „Царот нема ма**ња“, пишува „Индепендент“ (The Independent).
They made a giant statue of naked Donald #Trump, apparently forced, near the next #Karmala Harris rally pic.twitter.com/yxKLsDaq9p
— Mina (@Mina696645851) September 30, 2024
Тие се надеваат дека статуата ќе почне дискусии за транспарентноста во политиката или недостаток на истата и, како што велат, ќе ги предизвика граѓаните да размислат за политичкото влијание. Ова не е првпат статуи на кандидатите на претседателските избори во САД да се појавуваат на ваков начин. Во 2016 година, пет голи статуи на Трамп се појавија во Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Кливленд и Сиетл.
Се очекува овој проект да се прошири и во други градови во САД. Засега не се познати датумите и местата каде што ќе осамнат други статуи.