Иранската мисија во Обединетите нации вечерва соопшти дека одговорот на Техеран е „соодветно извршен“, по лансирањето проектили врз Израел.
„Правниот, рационален и легитимен одговор на Иран на терористичките акти на ционистичкиот режим – кои вклучуваа таргетирање на иранските државјани и интереси и кршење на националниот суверенитет на Исламската Република Иран – е соодветно спроведен“, објави на Х, Постојаната мисија на Исламската Република Иран во Обединетите нации.
Iran’s legal, rational, and legitimate response to the terrorist acts of the Zionist regime—which involved targeting Iranian nationals and interests and infringing upon the national sovereignty of the Islamic Republic of Iran—has been duly carried out. Should the Zionist regime…
— I.R.IRAN Mission to UN, NY (@Iran_UN) October 1, 2024
Оттаму велат дека доколку Израел „се осмели да одговори или да изврши дополнителни злонамерни дејствија, ќе следи последователен и силен одговор“.
Регионалните држави и поддржувачите на ционистите се советуваат да се разделат со режимот, се додава во објавата.
Ј. Ѓ.