Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари рече дека Израел во оваа фаза не идентификувал никакви дополнителни воздушни закани од Иран, пренесува Си-Ен-Ен.
„Можете да ги напуштите заштитените простори и треба да продолжите да ги следите упатствата на командата на Домашниот фронт. Ве замолувам да продолжите да демонстрирате одговорност и да бидете внимателни“, им рече Хагари на израелскиот народ во телевизиска изјава по нападитем.
Ј. Ѓ.