ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повеќе пратеници на германскиот Бундестаг сакаат да поднесат барање до сојузниот Уставен суд за забрана на АфД

October 1, 2024 10:02
in ДЕНЕС, СВЕТ

Повеќе германски медиуми, повикувајќи се на интерни документи, објавија дека неколку пратеници во Бундестагот сакаат да поднесат таканаречено „парламентарно барање“ до сојузниот Уставен суд за забрана на работата на партијата Алтернатива за Германија (АфД).

Дојче Веле пишува дека овој предлог, наводно, е поддржан од некои пратеници на владејачките партии, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените, како и некои членови на опозициските демохристијански партии ЦДУ и ЦСУ, односно пратеници на опозициската левица.

Овие пратеници настапувале како поединци, бидејќи предлогот не е поддржан од комплетните пратенички групи.

Предлогот е поддржан од најмалку десет пратеници од секоја од горенаведените партии, а за да се покрене такво „парламентарно барање“ се потребни пет отсто од Бундестагот или 37 пратеници.

Партијата АфД во последните неколку недели постигна многу добри резултати на регионални избори во источниот дел на Германија.

„Бундестагот поднесува барање до сојузниот Уставен суд да ја прогласи АфД за неуставна во согласност со членот од Уставот и членот 43 од Законот за сојузниот Уставен суд“, наведува дел од барањето весникот „Велт“.

Пратениците ја обвинуваат АфД дека сака „да го укине германскиот слободен демократски темелен поредок“ и дека зазема „активно борбен, агресивен став“ кон тој поредок.

Партијата беше обвинета и дека во неколку наврати го „прекршила загарантираното човечко достоинство“ што се гарантира со Уставот.

Според „Велт“, во предлогот се цитираат бројни изјави на федерални и провинциски функционери на АфД кои се сметаат за „повреда на човечкото достоинство на мигрантите, муслиманите и сексуалните малцинства“.

Tags: АФДБундестагГерманијазабрана
Next Post

Битиќи, 100 дена ВЛАДА: Сто дена Влада и исто толку пропуштени можности

НАЈНОВО

фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

Пред средбата со Трамп, Зеленски ќе разговара со европските лидери во Вашингтон

August 18, 2025

Босански медиуми: Милорад Додик повеќе не е претседател на Република Српска, Судот на БиХ ја отфрли неговата жалба

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk