ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ахмети и Села мислат дека власта си игра „мајтап“ со големи работи, Меџити и Таравари дека започна нова ера!

October 3, 2024 11:41
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

100 дена Влада предводена од Христијан Мицкоски, е предмет на критики и дебата и на политичка сцена на Албанците во Македонија.

Од една страна, од коалицијата ВРЕДИ велат дека за овие 100 дена ги санирале штетите наследени од владеењето на ДУИ, и ветуваат дека ќе продолжат да работат во корист на граѓаните и државата.

Од друга страна, коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ продолжува да го оспорува учеството на ВРЕДИ во владата, нагласувајќи дека тие немаат легитимитет да ги претставуваат Албанците.

– Ние не сме резервна гума. Ние сме легитимните претставници на Албанците, Вреди не победија на изборите. Албанците се субјект, а не објект. Нека не играат „мајтап“ со големи работи, се загрозува законот за јазици, „не отворај стари рани брате“ затоа што нема да излезе на добро работата, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците, повика ВРЕДИ да излезат од владата и да им се придружат во Европскиот фронт.

– Нè обвинија дека сме хистерични за власт, но еве ние нема да дојдеме кај вас, дојдете вие кај нас, ќе го осмислиме нашиот фронт и ќе му го покажеме местото на Христијан Мицкоски, ќе му ги покажеме црвените линии и до каде има право да постапува со овој народ, рече Села.

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека во првите 100 дена откако е формирана Владата се соочиле со деструктивна опозиција за која вели дека секојдневно критикува, со право и без право.

– Се соочивме со деструктивна опозиција која секојдневно критикува, со право и без право. Воедно, отвори некои работи од минатото кои не ги затвори како што треба, како што се законот за јазици, ‘балансерот’, Бадентер. Имаа доволно време, осум години, да ги решат, но не ги решија и сега злоупотребуваат и судска власт за дневна политика. За жал, ги инструментализираат за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност, изјави Меџити.

Според Меџити, евроинтеграцискиот процес и условот што земјава треба да го исполни за негово продолжување беше, е и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата.

Претседателот на Алијанса на Албанците и министер за здравство Арбен Таравари изјави дека пред 100 дена започна нова ера!

Според него, ера во која веќе никој не ја чувствува тежината на неправдата, каде ниту едно албанско семејство не чувствува дека нема иднина.

– ДУИ беше страв врз кој беше изградена империја на корумпирани политичари, додека народот се чувствуваше слаб пред нивната дрскост. Но, знаете што? Не се откажавме! Додека тие му го свртеа грбот на народот, ние се заколнавме дека нема да дозволиме да умре никаква надеж. И еве сме денес! Со крената глава! Со полно срце! Затоа што сите заедно успеавме да го ослободиме Албанецот од режимот кој не држеше во заложништво повеќе од две децении. Се исплати трудот да се тргнат од сцената оние кои со насмеани лица, но со мрачни души, им ја негираа иднината на нашите млади луѓе, кои ја искористија власта за да се збогатат, оставајќи ги граѓаните во сиромаштија и очај, нагласи Таравари.

Дестан Јонузи

Tags: 100 дена владаАли АхметиАрбен ТаравариВредиевропски фронтЗијадин СелаИзет Меџити
Next Post

Американска бомба од Втора светска војна експлодира на аеродром во Јапонија

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

November 13, 2025
ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk