ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК покрена судски постапки против повеќе членки на ЕУ за неусогласеност со европските регулативи

October 3, 2024 15:06
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија покрена постапки пред Судот на правдата на ЕУ против повеќе земји членки на Унијата поради неспроведување на нивните обврски согласно европските регулативи. Станува збор за постапки поврзани со различни сектори и области, кои имаат за цел да обезбедат адекватна примена на правото на ЕУ во корист на граѓаните и бизнисите.

Со денешните одлуки, ЕК покрена постапка против Австрија поради нецелосно спроведување на европските норми во нејзините национални правила за спречување на големи несреќи поврзани со опасни материи, како и на одредбите од директивите на ЕУ за огнено оружје, за обновлива енергија и за изнајмени возила без возачи во товарниот транспорт.

За неспроведување на последната Директива е обвинета и Германија, која уште ќе одговара и за неусогласеност на нејзините даночни правила за доброволните пензиски фондови со правото на ЕУ.

Австрија и Германија, заедно со Италија се товарат и за нецелосна примена на Директивата за осигурување.

Против Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Словачка и Унгарија се покренати постапки за неспроведување на обврските од Директивата за бучава, со која се регулира дозволеното ниво на бучава во градските средни и се предвидени мерки за заштита од неа и соодветно урбанистичко планирање. Бугарија, Естонија и Ирска, пак, ќе се најдат пред Судот за неправилна имплементација на правото на ЕУ за борба против расизмот и ксенофобијата.

Бугарија, исто така, ќе одговара и за неусогласеност на нејзиното национално законодавство со Директивата на ЕУ за правото на пристап до адвокат и комуницирање по апсењето, со правилата за европски електронски патарини и со Директивата за осигурување на моторни возила,  а заедно со Шведска и за неусогласеност со судските процедури за европскиот налог за апсење.

Грција и Малта, заедно со Луксембург, Словачка, Словенија и Шведска се обвинети за неадекватна имплементација на регулативите на ЕУ за пресумпција на невиност и за правото за присуство на судење, а заедно со Данска и Португалија и за невклучување на правилата за работното време во внатрешниот воден транспортот во нивните национални законодавства.

Грција треба да одговара пред Судот на правдата и за неспроведување на неговата пресуда за услугите за вмрежување на податоци, а заедно со Кипар и за неусогласеност на нивните национални законодавства со Директивата за професионални квалификации на ЕУ.

Кипар уште, заедно со Полска, Португалија и Шпанија ќе се најдат пред Судот на правдата поради тоа што не испратиле известување за имплементација на мерките поврзани со Директивата за обезбедување на глобално минимално ниво на оданочување на мултинационалните компании и големите домашни групации.

Дополнително, Кипар заедно со Чешка и Португалија ќе одговара и за неусогласеност со Законот за дигитални услуги на ЕУ, а Данска и Шпанија за неимплементирање на правилата за внатрешна пловидба и за признавање на сертификати од трета земја.

ЕК ја упати Естонија пред Судот на правдата и поради необезбедување ефикасен судски лек во случај на одбивање на барањата за издавање визи за престој, а Италија за неусогласеност на нејзиното законодавство за работните услови на почесните судии со правото на ЕУ, како и поради неспречување на злоупотребата на договорите за работа на определено време и на дискриминаторските услови за вработување.

Летонија треба да одговара за неусогласување на нејзиното национално законодавство со правилата за заштита на животинските видови, Луксембург за непочитување на европските правила за слобода на основање на компании, а Малта и за необезбедување ефикасна помош за наплата на побарувањата од другите земји членки на ЕУ и за непочитување на европските регулативи поврзани со пристанишните работници.

Португалија е тужена и за несоодветно складирање и третман на урбаните отпадни води, како и поради нецелосна примена на правилата за загадување од индустриски активности, а Романија дополнително се соочува и со постапка за нецелосно усогласување со Директивата за живеалишта на животинските видови, како и за ограничувања на цените, извозот и слободата на пазарот на електрична енергија и гас.

Унгарија, пак, ќе се најде пред Судот поради неусогласеност на нејзиното законодавство со Директивата за ефективни и соодветни санкции за неовластен влез, транзит и престој во Унијата, како и поради нејзиниот Закон за одбрана на суверенитетот, кој според ЕК, е во спротивност со правото на ЕУ. Дополнително, Будимпешта е обвинета и за неусогласеност на нејзиниот даночен режим со членови од Договорот за функционирањето на Европската Унија, како и за неправилна имплементација на Директивата за транспарентност. За исто дело се товари и Словачка.

Против Финска е покрената постапка поради неусогласеност со Рамковната директива за води, во делот на изработка на планови за заштита на реките и езерата, а Франција треба да одговара пред Судот за несоодветна имплементација на Директивата за пластика за еднократна употреба и на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија.

За непочитување на правилата на ЕУ за внатрешниот пазар на електрична енергија е обвинета и Чешка, која уште треба да одговара и за неисполнување на обврски од Визниот кодекс на ЕУ во делот на процедурите и условите за издавање визи за краток престој, како и за неусогласеност со Директивата за расна еднаквост.

Еврокомисијата покрена постапка против Шведска и поради нецелосна усогласеност со Директивата за вода за пиење, во делот на подобра заштита на човековото здравје преку подобрување на стандардите за квалитет на водата од чешмите.

Шпанија ќе се најде пред Судот на правдата и поради тоа што не спречила злоупотреба на правилата за вработување на определено време, како и поради дискриминаторски услови за вработување во јавниот сектор.

Покрај покренувањето на новите постапки, ЕК реши да затвори 133 случаи за кои пропустите се надминати од страна на земјите членки, без при тоа Комисијата да има потреба за спроведување на натамошни процедури.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕКЕУсудски постапкичленки

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Голем пожар во Далмација меѓу Омиш и Макарска, се спасуваат куќи, пожарникарите немаат контрола

June 21, 2025
Фото: Ви

Путин вели „Украина е наша“, од Кијив одговорија дека тоа е само доказ на рускиот презир кон мировните напори

June 21, 2025
Генерирано со ВИ

Пакистан ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир

June 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ нема да има кандидати за градоначалници во Сарај, Чаир, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга и Желино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манев го откри идентитетот на лицето кое го уништил синиот ранец со пиштолот и моторолите користени за убиствата на Вања и Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британски „Економист“: Вучиќ е на колена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче ги објави првите 19 кандидати на СДСМ за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk