ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадинов: Струмица е пред еколошка катастрофа ако во најскоро време не се реши проблемот со водата за пиење

October 3, 2024 16:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Струмица е пред еколошка катастрофа ако во најскоро време не се реши проблемот со водата за пиење, истакна градоначалникот Костадин Костадинов на денешната седница на Советот на Општината, на која се дискутираше за проблемот со снадбување со питка вода на граѓаните која веќе шест денови е забранета за пиење заради присуство на поголемо количество на манган.

Според него, изворот на загадувањето и неможноста да се прочисти водата е во браната „Турија“ од каде доаѓа сурова вода со големо присуство на манган. Тој уште еднаш упати повик до сите надлежни-Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АД „Водостопанство“ и Министерството за екологија и просторно планирање да се седне и да се разговара за решавање на овој проблем.

– Сметам дека не сме доволни свесни каква катастрофа ни се заканува на Струмица. По сите направени проверки во рамки на Филтер станицата, примарниот водовод, со сите процеси на филтрација на водата, оксидација и озонирање, секундарната водоводна мрежа, хлорирањето-нема никаков проблем или дефект. Лабараторијата на „Комуналец“ вчера покажа дека примаме техничка вода од браната „Турија“ со ниво на манган од 1,5 милиграми во еден литар. Од 1974 година, откога постои Филтер станицата, највисокото ниво на манган во водата било 0,25. Со толку високо присуство на манган во водата и да направиме најскапи инвестиции нема да можеме да ја донесеме до степен на вода за пиење, подвлече Костадинов.

На прашањата на советноците за можните решенија одговараше техничкиот директор на „Комуналец“, Стојан Ефтимов, кој истакна дека проблемот не е во комуналното претпријатие и во процесот на обработка на водата.

– Примарен проблем е суровата вода од браната „Турија“. Сега во моментот по сите наши заложби се уште не се прави анализа на водата од оваа акумулација. Сега е потребно тоа да се направи на поголеми длабочини и од повеќе места, да се констатира каква е состојбата на акумулацијата. Таму нема само вода, таму има и геоголија. Тоа се стручни работи кои ние не можеме да ги решиме, туку треба сериозна анализа за да се дојде до вистинската состојба на браната „Турија“. Дури потоа треба да се направи стручна анализа и можеби од неа ќе се открие причината зошто е дојдено до таа состојба, посочи Ефтимов.

Како едно од можните решенија што беше предложено од страна на советникот Ѓорѓи Танушев, е да се направат бушотини до подземните води под Струмица и таа вода да се меша со таа што доаѓа од „Турија“ за да се намали прусуството на манганот.

Инаку, на денешната седница беше донесена одлука граѓаните на Струмица од овој месец да плаќаат само техничка вода во износ од 7,85 денари за еден метар кубен, наместо досегашната цена од 33,9 денари и тоа да важи до повторното обезбедување на вода за пиење.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вода за пиењеКостадиновСтрумица
Next Post

Авион на Рајанер во Италија се запали пред полетување, патниците евакуирани

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk