ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

ЈО Прилеп врши вештачење за причините за сообраќајката на патот Прилеп-Битола во која загинаа три лица

October 3, 2024 13:15
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп извршил увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.

Според првичните сознанија, како што соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините, се појаснува во соопштението.

Три лица од Прилеп загинаа, а едно лице е повредено во тешката сообраќајна несреќа што утрово се случила околу 7:50 часот во судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово.

Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола.

– Сообраќајната  несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на местото починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Прилеп, информираат од СВР Битола.

Магистралниот пат се уште е затворен за сообраќај, а увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител.

– Како медицинска екипа констатиравме смрт на три лица, сите од патничкото возило „тојота“. Повредениот од камионот итно е пренесен во Општатата болница во Прилеп со телесни повреди, изјави Боше Милошески, началник на Итната медицинска помош од Прилеп, кој беше на увид на местото на сообраќајката.

Повеќе од час и половина екипите на прилепската противпожарна единица интервенирале за да го изгаснат пожарот.

-Во 7:45 часот изутрината добивме пријава за камион, кој гори на патот Прилеп – Битола, кај селото Лагово. Кога дојдовме на местото видовме дека не гори само камион, туку и патничко моторно возило, односно се случила сообраќајна несреќа. За да го изгаснеме пожарот интервениравме со пет возила и 12 пожарникари. Го обезбедуваме просторот, има бензин, нафта истечено. Станува збор за хибридно возило во сообраќајката со литиумски батерии, изјави Виктор Стојчески, заменик- момандир на ТППЕ- Прилеп.

Магистралниот пат Прилеп – Битола од 8 часот изутрината е затворен за сообраќај. Сообраќајот се одвива по алтернативни патишта.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЈОПрилеп-БитолаСообраќајка

НАЈНОВО

Словенија легализираше потпомогнато самоубиство

July 18, 2025

САД го отфрлија договорот на СЗО за пандемии

July 18, 2025

Филипче: Каја Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник за Скопје

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Човечноста не се мери во изборни резултати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски, Мисајловски и Лафчиски на промоцијата на новите армиски артилериски орудија „Боран“ во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој навистина ја злоупотребува болката за Кочани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски втор ден молчи – дали поднел барање за бугарско државјанство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk