Украинските одбранбени сили употребија ракети АТАКМС за да уништат една од познатите руски радарски станици „Небо-М“, соопшти Генералштабот на украинската армија.
Во соопштението се истакнува дека тоа уништувањето на радарот со долг дострел ќе создаде поволен „воздушен коридор“ и ќе и овозможи на Украина ефикасно да ги користи крстосувачките ракети „Сторм шадоу“ и „СКАЛП-ЕГ“ за нови мисии.
Исто така се посочува уништувањето на рускиот радар „Небо-М“ значително ќе ги ослаби можностите на руската армија за откривање, следење и пресретнување на аеродинамични и балистички цели.
Русија наводно има само десет активни системи на „Небо-М“, од кои секој чини над 100 милиони долари.