Американските власти поднесоа обвиненија против 10 лица за нелегална продажба на околу 70 милиони опиоидни таблети, соопшти Министерството за правда на САД.
Според Министерството, ова е најголемата акција досега против дистрибутерите на опиоиди и други лекови кои често се злоупотребуваат, чија вредност на црниот пазар достигнува 1,3 милијарди долари.
Обвинетите се поврзани со фармацевтската индустрија, вклучувајќи трговски претставници и брокери.