ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Влада: Приоритет е подобрувањето на здравствениот систем, здравствената заштита, услугите за пациентите

October 4, 2024 10:59
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на здравствениот систем, здравствената заштита и на услугите за пациентите е приоритет на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски. Сто дена нова влада, значи вработување 600 специјализанти во дефицитарните области, укинување економски директори, нова магнетна резонанца во поликлиниката „Идадија“, реновирано Одделение на дигестивна хирургија и нова апаратура, проширување на Позитивната листа за девет генерици или 87 лекови, се истакнува во денешното соопштение на владината прес-служба.

– За 100 дена влада се укинаа постоењето 1.000 економски директори и со тоа се става крај на дуализмот во здравствениот систем. Со ова, прецизно ќе се лоцира одговорноста во менаџирањето на институциите, а ќе се заштедат и финансиски средства. Здравствените установи имаат само медицински директори, кои ќе управуваат со здравствените установи, се наведува во соопштението.

Потсетуваат дека вработувањето 600 специјализанти во јавните здравствени установи во дефицитарните области, ќе се одвива во две фази. Вработување 300 специјализанти до крајот на годинава и уште толку, наредната. Со ова, како што се нагласува, им се дава шанса на младите доктори, а се решаваат и проблемите со гужвите по здравствените установи.

– Конечно после деценија, новата влада во првите 100 дена донесе одлука за проширување на Позитивната листа со девет генерици или 87 лекови, во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Ова е значително олеснување за пациентите, со што вкупно еден милион евра ќе останат кај граѓаните, се додава во соопштението.

Се нагласува и дека комплетно е реновирано Одделението за дигестивна хирургија со нови кревети, плакари, врати и осветлување. Се набави и апаратура за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст, како што се додава, во вредност од 1.000.000 евра.

Дополнително, во поликлиниката „Идадија“ во ЈЗУ Здравствен дом – Скопје е пуштен во употреба новиот апарат за магнетна резонанца во вредност од 1.300.000 евра, што од медицински аспект претставува врв во дијагностиката, што дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, што употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката. За 100 дена нова влада има 100 проекти и мерки за граѓаните.

– Владата покажа дека може поинаку. Владата покажа како се работи посветено и во интерес на пациентите. Продолжуваме посветено да го подобруваме здравствениот систем во Македонија за сите граѓани, пишува во соопштението.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Владаздравствениот систем

НАЈНОВО

Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030

June 24, 2025

Мицкоски за извештајот на Вајц: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули

June 24, 2025

Нови 116 милиони денари за 47 проекти за развој на урбаните и специфичните подрачја, селата и центрите во планските региони

June 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тато, дали сме ние во војна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk