ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Љутков во Ливерпул: Британското искуство ќе ни помогне за „Скопје – европска претолнина на културата“

October 5, 2024 12:55
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна работна посета на Ливерпул, Обединето Кралство, каде што оствари средби со градоначалникот на Ливерпул и со истакнати претставници од британски културни институции, во насока на искуства за организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, известуваат од Министерството за култура и туризам.

Оттаму истакнуваат дека на средбата со Клер МекКоган, директорка на „Култура на Ливерпул“ надлежна за повеќе сегменти од културната политика, на која беа претставени искуствата на Ливерпул во организацијата на големите културни настани, беше нагласено дека подготовките за „Европска престолнина на културата“ се  можност  за градовите да стекнат општествени и економски придобивки и  да бидат повидливи на меѓународната сцена.

Министерот Љутков се сретнал и со градоначалникот на Ливерпул, Стив Ротерам, кој од аспект на локалната самоуправа, го претставил позитивното искуство на градот во организирањето на проектот „Ливерпул – европска претстолнина на културата“ и ја искажал својата подготвеност да помогне во организацијата на „Скопје – европска престолнина на културата 2028“.

Од Министерството посочуваат дека Љутков се заблагодарил за поддршката, изразувајќи уверување дека Скопје успешно ќе се справи со предизвикот во 2028 година да биде добар домаќин и ќе ја оправда оваа престижна титула.

„На средбата со градоначалникот на Ливерпул, министерот Љутков ги претстави приоритетите на Министерството за култура и туризам, напомнувајќи ги заложбите во сферата на креативните индустрии како гранка која носи економска корист, со уверување дека соработката со Британскиот совет и со други организации од Обединетото Кралство ќе продолжи и во иднина. Со оглед на интеграцијата на туризмот во македонското Министерство за култура и туризам, на средбата со градоначалникот Ротерам беа разгледани можностите за воспоставување соработка во насока на засилување на културниот туризам.
Ливерпул е познат како „Град на музиката“ на УНЕСКО, па на средбата со директорот Кевин Мекманус стана збор за искуствата во промоцијата на културното и музичкото наследство во контекст на меѓународната промоција.
Министерот Љутков се сретна и со Алиша Смит, која го води „Тимот за уметност и учество на Ливерпул“, која ги претстави националните примери на добра практика и своето лично искуство од пред речиси две децении во организацијата на манифестацијата „Европска престолнина на културата“. На средбите со Сара Фишер, извршна директорка на галеријата „Отвори око“, со Ен Твајт, директорка на Фестивалот за арапски уметности во Ливерпул (LAAF) и со Шарлот Кори, директорка на „Отворена култура“ – мрежа за култура на Ливерпул, стана збор за организирањето на значајни настани, кои претставуваат промоција на националните култури.
Министерот Љутков е во Ливерпул на покана од Британскиот совет и директорката Клер Сирс, бидејќи овој британски град има искучително значајно искуство во организацијата на уметнички претставувања“, се нагласува во соопштението од Министерството за култура и туризам.

Прочитајте и…

За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“Љутков

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk