ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Концерт на реномираниот женски хор „Менада“ во Истанбул

October 9, 2024 09:59
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

По повод државниот празник „11 октомври – Денот на македонското востание“, реномираниот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот
културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија.

Настанот ќе и понуди на истанбулската публика ретка можност да ја доживее уметноста на овој традиционален македонски ансамбл.

-Основана во 1981 година од маестро проф. д-р Ивица Зориќ, кој продолжува да го води хорот до денес, Менада изгради истакната репутација на меѓународната сцена. Познати како „Светски македонски хорски музички амбасадори“, хорот се состои од талентирани женски гласови кои изведуваат обемен и разновиден репертоар. Со повеќе од 500 дела кои опфаќаат ренесансни, класични и современи композиции, како
и изведби на македонски музички фолклор, духовни дела и евергрин композиции, Менада прерасна во симбол на богатата хорска традиција на Македонија, се посочува за хорот.

Во текот на својата историја, хорот има добиено бројни престижни награди и признанија на домашни и меѓународни фестивали, натпревари и концертни турнеи.

За настапот во Истанбул, што ќе се одржи утревечер, Менада ќе претстави програма со духовна музика, како и изведба на популарни македонски народни песни, спојувајќи ги светите и традиционалните елементи на начин кој ќе ја отслика богатата културно – музичка ризница на земјава.

-Како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар во Истанбул, концертот има за цел да ги промовира силните културни врски
меѓу Македонија и Турција, обезбедувајќи промоција на македонската уметност и наследство во странство, стои во најавата од Македонскиот
културен центар во Истанбул.

Tags: женски хор МенадаИстанбул
Next Post

Бразилски судија ја укина забраната за социјалната мрежа Х

НАЈНОВО

Фото: МИА

Мигранти нападнаа полски војници на границата со Белорусија

August 26, 2025

Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

August 26, 2025

Филипче: Мицкоски се фали со бројки, граѓаните со празни џебови едвај го преживуваат месецот

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk