ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година

October 9, 2024 13:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Предлог Буџетот за Министерството за одбрана за 2025 година, како што кажа, треба да биде 2,4 проценти од БДП од кои 37 проценти ќе одат за модернизација на Армијата или 7 проценти повеќе од досега.

-Зголемен буџет значи поголеми инвестиции во одбранбените капацитети и инвестиции во нова модерна опрема компатибилна со НАТО стандардите, рече Мисајловски на отчетот за 100 дена Влада и додаде дека реализацијата на буџетот на Министерството за одбрана за годинава е 73 проценти заклучно со 1 октомври.

Во моментов, додаде, повеќе проекти за модернизација се во фаза на реализација согласно предвидената динамика. Како што кажа, согласно побарувањата на Армијата во моментов  во процес на набавка се лесни оклопни возила, оклопни транспортери, опреама за противвоздушна одбрана, хеликоптери, инженериски машини и опрема за останатите единици.

-Пред две недели добивме пакет помош од 13 милиони евра од ЕУ кој ќе се финансира во рамките на Европскиот мировен форум. Оваа помош опфаќа технологии поврзани со разузнавање, набљудување, извидување и електронско војување и комуникациско разузнавање, логистика и инженерска опрема, комуникации и информациски системи, како и обука за потребниот персонал, рече Мисајловски.

Од ноември, како што кажа, ќе бидат оперативни и двата хеликоптера  Ми 8/17 кои беа на ремонт.

За време на кризната состојба со пожарите, како што посочи, во приправност беа преку 300 припадници на Армијата со два воздухоплови кои ќе бидат соодветно наградени со пренамена на средства. Со реалокација на средства, додаде, веќе се дел од структурите на Армијата 120-те лица кои биле упатени на стручно усовршување за офицери и подофицери и од нив се промовираа нови 28 поручници.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Kога ќе биде готово решението на Владата како да продолжат преговорите со ЕУ, јавноста ќе биде информирана, вели Митева

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk