ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Kога ќе биде готово решението на Владата како да продолжат преговорите со ЕУ, јавноста ќе биде информирана, вели Митева

October 9, 2024 13:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.

– Не станува збор за нешто што ќе се држи во тајност. Посветеноста на Владата во однос на евроинтеграциските процеси секогаш е отворена пред граѓаните со јасно изразени услови. Кога ќе се создадат услови, јавноста ќе биде информирана, рече Митева.

Најголемата опозициска партија од македонскиот блок денеска повторно побара од Владата да каже каков е планот за евроинтегративниот процес на државата.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче во изјава за медиуми рече дека во наредниот период ќе ги користат сите механизми, вклучувајќи и свикување собраниска седница, со цел да обезбедат одговор од премиерот во врска со евроинтеграциите на земјава.

– Ние мора да знаеме кој е планот на Владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат. Нашата идеја за собраниска седница е затоа што Собранието е местото каде што носат одлуки. Премиерот има многу најави за некаква поддршка од некои држави за менување на Преговарачката рамка со која наводно би се подобрила состојбата на нашата држава во процесот на евроинтеграции, но сето тоа е обвиено со некаква мистерија и не знаеме детали. Премиерот има обврска тоа да го соопшти пред народните избраници и на граѓаните. Сега откако еднострано го запре евроинтегративниот пат, нешто за што нема ниту политичко, ниту етичко, ниту морално право, тој треба да направи нешто што очекува огромното мнозинство граѓани. Жалам што неговиот министер Муртезани го демантира премиерот во неговите изјави дека наводно има најави за поддршка да се донесат уставни измени со одложено дејство, бидејќи самиот министер кажа дека во ЕУ во ниту една држава нема расположение за таква работа. Тие конфузни изјави, тие дисонантни тонови во владата кои создаваат впечаток на целосна безперспективност мора да се расчистат во Собранието. Ние мора да знаеме кој е планот на владата, ако воопшто го има, како ние ќе го продолжиме евроинтегративниот пат, рече Филипче.

Tags: ВладаЕУМитева
Next Post

МВР: За смрта на мајката и детето во тетовско Слатино, првичните сознанија од обдукцијата упатуваат на труење

EVN

НАЈНОВО

Четири медиуми го прекршиле изборниот молк на Повторените локални избори

January 15, 2026
Фото: Геенрирано со ВИ

ЕК: Македонија реализира само шест реформи од Планот за раст на ЕУ – забележан селективен пристап

January 15, 2026
Илустрација ФБ профил А. Жерновски

Нема виза ни за Периметарот

January 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Шпанското обвинителство отвори истрага за обвинувањата против Хулио Иглесијас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Режисерот и актер Тимоти Басфилд се предаде на полицијата во Ново Мексико по обвиненија за сексуално злоставување деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу 75 земји за кои САД ја суспендираат обработката на иселенички визи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk