Рамадан Рамадани во објава на Фејсбук ја коменитира денешната одлука на Уставниот суд за укинување на „Балансерот.
„Зошто Македонија денес заличи на Либан?!
- Затоа што е укинат единствениот правен механизам за правична застапеност во услови кога нема друга регулација која уредува уставна категорија како правична застапеност. Сите уставни судии кои гласале за ова треба да го имале овој интеррегнум во предвид а не да се однесуваат во стилот: ќе го гласам, шо го е…
- Посебно што тоа се однесува на балансите во државата и за тоа што ја сочинува Македонија, нешто што се нарекува супстанција. Во нормално друштво и држава неодговорноста кон овој принцип е мана и за локални вождови а камоли за уставни судии
- Посебно што одлуката е донесена без ниеден глас од немнозинските судии и тоа за тема на правична застапеност што ќе донесе до тоа да следното законско уредување за ова ќе важи и за самите нив т.е. правична застапеност и принцип на двојно мнозинство и во Уставен Суд значи од ќе го гласам што го е…ќе биде после гласање нема каење?!
- Со ова одлука Македонија влезе во сива зона на можно политичко артикулирање на ова прашање кое комбинирано со заглавениот евро-интегративен процес и променливиот геополитички моментум може да донесе дури да се завиди на Либан и сличните
- Што ако се соберат сите немнозински политички преставници и чинители и решат дека следното законско регулирање на ова прашање треба да важи за мнозинската заедница, по принцип дека тоа е поедноставно и дека основниот дисбаланс лежи токму во тоа: дека една заедница од 50% и неколку проценти има над 90 % посто власт и преставеност?!
- Никој не може да предвиди накаде ќе се развива, но исто не може да тврди дека немаме Сирија, ционисти и Палестина во комшилук па затоа нема да сме Либан?!Тоа е само надворешна гаранција во случај кога си изградил куќа само со потпорни ѕидови од соседите, но треба секогаш да се има на ум дека истите тие ѕидови не зависат од тебе и твои одлуки на уставен суд и тие ѕидови не те штитат од разорот што може да се случи ако некои неодговорни суштества во руво на уставни судии ти го рушат некој централен столб.
- Ова да дека се големи зборови и мачно е деновиве да личиш на Либан, но тоа може да се случи кога имате ваков хизбула уставни судии на кои само треба да им се каже уште еднаш монументалната изјава на еден покоен преставник на немнозинска заедница: маме и е….на Македонија!“, напиша Рамадани во објавата.
Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.
Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски како судија-известител на прес конференција ги образложи аргументите на Судот по предметот У.бр.90/2024.