ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Хезболах: Ќе престанеме да го гранатираме Израел ако израелската армија ги прекине нападите

October 15, 2024 16:25
in ДЕНЕС, СВЕТ

Заменик-лидерот на либанската милитантна група Хезболах, Наим Касем денеска изјави дека групата ќе престане да го гранатира Израел под услов израелската армија целосно да ги прекине нападите.

Касем рече дека ако Израел не ја прекине својата агресија, Хезболах ќе изврши напади низ Израел како одговор на израелските напади во Либан, нагласувајќи дека целта на групата е да ги ослободи териториите окупирани од Израел и да ги поддржи палестинските движења кои се борат против израелската армија во Појасот Газа.

„Ние ја докажавме нашата способност да ги нападнеме Тел Авив и Хаифа и ако непријателот не запре, радиусот на уништување на нашите напади ќе се прошири, принудувајќи не стотици илјади, туку повеќе од два милиони жители да се кријат во засолништата“, посочи Касем.

Тој рече дека Хезболах усвоил нова борбена стратегија за, како што наведе, Израел „да ги почувствува страдањата“, пренесе „Гардијан“.

Касем истакна дека Хезболах го смета Израел за „агресор“ што претставува реална закана за регионот, како и дека Израел сака „да ги контролира сите муслимани“. Тој во телевизиско обраќање рече дека Израел сака „да ја прошири својата окупација и дека Палестина не е доволна за Израел“, пренесува Ал Џезира.

„Тој (Израел) исто така сака да ја контролира целата територија на арапските држави и сите муслимани“, рече Касем. Според него, Израел спроведува „политика на масакр“ и сака да ги заплаши луѓето со „брутални злосторства“ и има целосна поддршка од американската влада.

Tags: израелнападХезболах
Next Post

Фон дер Лајен: Илегалните имигранти да се депортираат во центри надвор од ЕУ

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Скриншот

Вработени во ФЕМА се суспендирани за критики кон администрацијата на Трамп

August 27, 2025

Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци, се прибираат траги и докази

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Слот за Рио Нгумора : Шеснаесетгодишното момче постигна одличен гол

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Меџити губи со 10 проценти разлика, тоа ги тера да фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ каде е се чисто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Режимот во Мициленд за само неколку дена испорача две опасни тези

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Побогат од било кога: Како Трамп заработува од Белата куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Адвокатот Жарко Стеваноски за одлуката на ОЈО Битола: Изборен Законик – тоалетна хартија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk