Најмалку 15 луѓе загинаа, меѓу кои и пет деца во израелскиот воздушен напад врз училиште во Џабалија, централен дел на Појасот Газа.
– Голем број жени и деца се во критична состојба, истакна претставникот на палестинското Министерство за здравство, Фарес Абу Хамза.
Израелската армија тврди дека мета на нападот биле десетина припадници на Хамас и на Исламски џихад, кои наводно се криеле во училиштето.